Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Да не излезе дека свесно се тактизира и се чека одлуката на Стразбур околу амнестијата на Иванов, за да се префрли целата вина на бившиот претседател. На тој начин, не само што ќе се амнестираат обвинетите, ами и целото македонско неспособно судство. И никому ништо – одиме натаму
ОД ДРУГ АГОЛ
Тоа што разни фактори ќе нѐ удираат по рамо колку бугарските услови се неевропски, како што на времето за грчките велеа дека се апсурдни, не ја менува суштината дека во сите преговори се бара компромис. Тоа значи дека пак ќе мора, или нешто горчливо да проголтате, или да кренете раце и да се фокусирате на некоја друга опција
ПРАТЕНИЧКО ОКО НЕНАСИТНО
На повидок е нов скандал, стар веќе 15 години, кој сега излегува на површина, а поврзан со привилегиите на народните избраници. Поточно веќе добро е познато дека пратениците земаат солени суми за патни трошоци, нo она што досега беше помалку познато е дека добиваат и пари за да си ги платат патарините. Сега Уставниот суд е на повик. Ќе им ја скрати ли оваа долгогодишна привилегија на пратениците?
ТЕНДЕРСКИ БУМ ВО АЕРОДРОМ И ВО ГРАД СКОПЈЕ
На прагот се локалните избори, за чии кандидати зад затворени врати во партиските штабови се вршат секојдневни преговори. Дали нерационалното трошење на буџетските пари од општините ќе биде причина за нови и свежи кадри, ќе покаже времето, сепак, во меѓувреме сега веќе дел од „старите“ градоначалници направија бум со тендерите во скопските општини.
КОСТАДИН БОГДАНОВ: ЃОРГЕ ИВАНОВ ТРЕБАШЕ ДА ОДГОВАРА КРИВИЧНО ЗА АМНЕСТИЈАТА
Адвокатот Костадин Богданов во 2011 година беше именуван за владин агент пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, а во 2017 година поднесе барање за престанок на оваа функција и продолжи да работи како адвокат. Беше дел од реформаторите од ВМРО-ДПМНЕ, а сега во интервју за „Фокус“ зборува за тоа каква одлука би можел да донесе судот во Стразбур за аболицијата на Иванов, на која се повикуваат членовите на поранешното раководство на партијата. Зборува и за реформите што треба да се спроведат во судството, за капацитетот на сегашниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски, но и за промените што треба да се случат во најголемата опозициска партија.
ВО КРИЗНА ГОДИНА СВРТЕЛЕ МИЛИОНИ
Проверките што ги изврши „Фокус“ покажуваат дека текстилни фирми поврзани со струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов бележат вртоглав пораст на приходите во однос на претходната година, но истовремено тие се соочуваат и со долгови. Иако нема ниеден вработен, нафтената компанија „Тритерол“, пак, добила бројни тендери.
БУГАРСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ СО ИСТО ИМЕ КАКО УКИМ
Великотрновскиот универзитет е пред последната фаза за и официјално да може да почне со работа во Македонија. Спорно е името, а спорен е и јазикот на кој ќе се одвива наставата. Ректорот Бонджолов пак, не гледа проблем што името „Св. Кирил и Методиј“ е веќе заштитено во Македонија, бидејќи нивните дипломи ќе биле во согласност со бугарските закони и тие се европски.
КАКО СПОРТСКИОТ БРЕНД СТАСА ДО ДНОТО
Македонскиот спортски бренд Вардар во следната сезона ќе се натпреварува во Втората фудбалска македонска лига. Иако звучи шокантно, овој фудбалски великан ја доживеа судбината на многу европски екипи што биле на врвот, но доживеале стрмоглав пад. Прашањето е – дали „црвено-црниот“ клуб ќе може да се врати на старите патеки?
ТРИ ВИДОВИ ПУБЛИКА
На стадион, во театар и на бизнис-презентација, народот е секогаш публика т.е. пасивен. Во една вистински просперитетна држава народот е активен, било на терен, било на сцена, било потполно свесен дека конечното решение дали ќе купи или не, зависи од него, оти парите треба да излезат од неговиот џеб. Тоа е разликата помеѓу народ во публика и народ во република
Колумнисти:
Ана ПАНОВСКА
Каква национално-идентитетска несигурност пројавува ВМРО-ДПМНЕ!!! Ни нуди на собраниската маса црвено чаршафче, со вкрстени пиштол и кама, и бара од сите нас, преку нашите пратеници, да се прекрстиме и да се заколнеме дека сме Македонци, дека имаме наш јазик, светски признат, дека си имаме своја историја… Какво национално понижување на Македонецот
Линдита КАДРИУ
Глумеше дека оди на уште една екскурзија, свеж воздух. Не сакала да признае дека тоа не е едно од патувања, како сите дотогашни од кои се враќаше со многу импресии, познанства и сé помала надеж дека оваа земја ќе ја биде. Заминувањето, во тмурна есен, беше преселба без збогувања. Има зборови кои не сакаме да си ги кажеме ни на себеси ни на другите.
Наум СТОИЛКОВСКИ
Срам за власта која што потроши 4 години на реклами за европско здравство? За каква енергетска ефикасност зборуваат „на телевизија“, кога зиме 1.800.000 граѓани минуваат низ овие хорор- коридори коишто е невозможно да се загреат? Наместо здравје, овие амбуланти се слика на болно општество
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Сѐ е исто, ем различно. Дури и традиционалниот благослов кај источните комшии е „Биди жив и здрав“, а кај нас „Биди здрав и жив“. Гестот за потврдување, кај нив, е со хоризонтално нишање на главата, а за негирање со вертикално климање. Кај нас е обратно. Тоа значи колку нивно „да“, толку наше „не“. Може и обратно, но исто му се фаќа!
Стојан АНДОВ
На средбата кај Глигоров тогашниот министер за полиција Јордан Мијалков укажа на опасност од можно киднапирање на некого од македонското државно раководство и соопшти дека полицијата има тајни станови и предложи сите ние, извесно време, да се засолниме во такви станови.