1343

by fokus 18:41
18:41

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк


ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ

И покрај тоа што на сите нас ни треба поголема доза оптимизам, по толку многу црнила во изминативе две години, сепак, му препорачувам на Филипче да не избрзува со изјавите. Поарно е, и попаметно. Колку и да се олабавени мерките, сепак, не смее да се потценува пандемијата. Подобро е да се биде на штрек, отколку опуштен, зашто овој проклет вирус се покажа колку е непредвидлив

ОД ДРУГ АГОЛ
Да ги черечиш опозиционерите со стаж од неколку години, наликува како „на мртвога Германца, нож извадија“. Арно ама, ќе си го скршам принципот благодарение на Влатко Ѓорчев. Го гледав на ТВ 24, кога се пенавеше со катаклизмички описи за актуелната влада – најлоша меѓународна позиција, политички ханибализам, бла, бла бла. Еј, човекот што беше своевидна маскота на груевизмот, сега сал црнила гледа!

- Advertisements -

ТЕНДЕР ЗА РЕГИСТAРСКИ ТАБЛИЧКИ
По 25 години, „Раде Кончар контактори и релеи“ го изгуби тендерот за набавка на регистарски таблички, и токму во периодот додека траеше  „битката“ на оваа фирма и компанијата „Квантум“, граѓаните останаа без регистарски таблички. Отворени сомнежи за новата тендерска постапка, која траела 9 месеци

ОФШОРБИЗНИСМЕНИ
По 22 години од нејзиното формирање во Британските Девствени Острови, бизнисменот Минчо Јорданов се запиша како единствен сопственик на „Репро Оне Лимитед“, покажува документацијата што ја обезбеди „Фокус“. Јорданов, преку оваа фирма, поседува и значителен фонд на акции во „Факом“ и „Бетон-Скопје“, како и удели во повеќе домашни друштва.

СЕ КРЕИРА ЛИ КРИПТОВАЛУТЕН АМБИЕНТ?  
Македонија освен Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам кој е во подготовка, а каде се споменуваат криптовалутите, се уште нема направено посериозен чекор во оваа насока. МВР има полни раце работа поради измами и кражби на нешто што системот не го препознава ниту дека постои.

НОВ ЗАПЛЕТ ВО СЛУЧАЈОТ СО ЕУРОСТАНДАРД БАНКА
Антикорупциска, повикувајќи се на „професионална тајна“ не ги доставила сите докази до обвинителството, а од таму, пак, не мрднале со прст за самите да ги добијат од Народна банка, каде што ги упатила Комисијата за спречување корупција

НОВ МАРШАЛОВ ПЛАН НА ЕУ
Новиот  план  треба да ги  стимулира државите во ЕУ да останат на патот на западните вредности. Ако се знае дека во државите на ЕУ постои сериозно незадоволство од начинот на кој Брисел се справи со пандемијата, а најавениот фонд од 750 милијарди евра се само пренаменети, прашање е дали новиот Маршалов план ќе биде успешен, како и стариот

ЈУНАЦИТЕ ВО МАКА СЕ СОЗДАВААТ
Оној кој дошол на функција благодарение на поддршката на претходниот лидер, или на странски служби или е шеф на пајтон – партија кому во коалициите големите му даваат трошки од масата, не е лидер кој ја заслужува твојата доверба. Бегај од таквиот, тој е задолжен до гуша

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Сега сме можеле сами. Сега сме можеле без ЕУ. ЕУ дома ќе сме правеле, ама без ЕУ. Тоа е новата мантра. И сето тоа би било фино, доколку Недоделканиот што брусеше шахти, се извинува за македонска репрезентација, утре може да се извини за македонски јазик, посебност и историја? Овие што сега мантараат за „Европа дома” и во таков случај пак ќе го прават цар

Ана ПАНОВСКА
Јаве е државата Северна Македонија со тврд, стрплив, национално горд, издржлив македонски народ, сплотен како едно со, исто така, самосвесен горд, сочувствителен народ, нашите браќа Албанци, кои машки го издржуваат овој бесмислен атак кон нас Македонците поради што и тие страдаат

Јанаки МИТРОВСКИ
Треба да се биде објективен  дека состојбата на ЛГБТ заедницата е значително подобрена и тоа се должи на два фактора- работа на невладин сектор и смена на генерации. Инаку, пола Влада си парадираше на парадата ама никој од професионалниве гееви не ги праша до каде се предметиве за осум пати кршење на ЛГБТ центарот, веројатно зафатени од улизување по ректуми.

Стојан АНДОВ
Брионската декларација во југословенската јавност претставуваше акт што дава здив на оние сили во Југославија кои, сепак, беа наклонети на одржување на мирот и натамошни решенија да се постигнуваат само по мирен пат. Но, реалните текови тоа не го дозволија. Навистина во Словенија се почитуваа договорите, но наскоро дојде до драматични настани во Хрватска, во Вуковар и околината.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Секојдневно пропаѓање во секој поглед. Failed state дијагноза! Единствен спас од мочуриштето е политичко – дипломатска операција од Калето за итно ресетирање на раководствата на трите статус кво партии. Системот е корумпиран до даска, го креираат аљази и џамбази. Со такви не се прави држава!