1345

by fokus 19:33
19:33

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Не е вината за корупцијата во лошите стратегии, фаличните закони, хаотичните мерки, туку во човечкиот материјал. Оној што како да има заспан имунитет, па не може асално да одговори на корупцискиот вирус. А имунитетот им заспал оти овде само баксуз ќе нафрка пред закон

ДЕЛТА СОЈ
Новиот делта сој се шири со брзина на светлината и предизвикува повеќе компликации од досегашните видови. Покрај тоа, заразува луѓе што не се или се делумно вакцинирани, а исто така доведува и до поголем ризик за хоспитализации и смртни исходи. Според лекарите, ако со оригиналниот сој едно лице во просек заразуваше 2,5 лица, со делта сојот едно лице би заразило во просек 5 лица

- Advertisements -

КОЈ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ЈОВЕСКИ?
Веќе се шпекулира дека  Гаврил Бубевски ќе ја преземе шефовската позиција во републичкото јавно обвинителство, на местото на актуелниот обвинител Љубомир Јовески. Јовески откри дека вратата му се подотворила за влез во Уставниот суд, а „Фокус“ дознава, пак, дека Бубевски од главен фаворит за шеф на скопското обвинителство прераснува во најсериозен кандидат за републички јавен обвинител

ПРОИЗВОЛНА ЕКСПЛОАТАЦИЈА
Поради разни пропусти и недостатоци, за четири години биле наплатени помалку концесиски надоместоци во износ 530.000 евра. Ова го утврдил Државниот завод за ревизија, по што Министерството за економија ги активираше надлежните институции да извршат вонреден надзор врз концесионерите. Досега се поднесени 16 кривични пријави за незаконско вршење експлоатација, а во последниот период се раскинати 18 договори

ПОЛИТИКАТА ПРОТИВ НАУКАТА
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко ги фати неспремни институциите со осветлувањето на Црн Дрим. Па, сега немаат ниту регулативна, ниту истражување за влијанието на осветлувањето врз живиот свет, со кое ќе му се спротивстават. За Мерко, пак, ова е хит на летото 2021 година

СТАНУВА ЛИ ЧОВЕЧКИОТ ЖИВОТ БЕЗВРЕДЕН?
По шокот од ослободителна пресуда за возачот, кој пред четири години тогашната скопска кривична судијка Лидија Зимбовска го ослободи од вина, Обвинителството и семејството на починатата Марика Попеска надежта ја гледаат во повисокиот суд. Што покажа експертизата на вештаците и кои чудни околности го следат случајот со грозоморната сообраќајка?

ЛИКОВИ НАСПРОТИ ДЕЛА
Грандиозните споменици се бадијала оти никого не го инспирираат да го продолжи делото на ликот што споменикот го претставува. Доказ за тоа е и „Воинот на коњ“, кој стои речиси цела деценија, а од тогаш партијата што тврди дека го следи неговиот пример, претрпе неколку изборни порази и нејзиниот лидер побегна во странство, а Воинот во својата воена кариера не изгуби ниту една битка, ниту побегна од бојното поле.

 

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
Зошто „СК 2014“ помина просто замаглено како наша групна, граѓанска, безимена инвестиција, без некој посебен проблем. „Државска“ сопственост, „државска“ работа, што ќе се мешаме! Тоа што сите ние сме сопственици на тој простор околу плоштадот како да не нè засега. Ама, местото спроти „Холидеј ин“ нè корне, иако не е наше. Си има газда, сопственик, кој да ти сакал на наш грб да настега огромен профит

Линдита КАДРИУ
Занесена, сум заборавила да порачам нешто друго, но  – Кај Исак, како и генерално во туристички омилениот дел од градот, услугата е таква што ни за жива глава нема да те потсетат со било каков гест дека би требало да смениш или локал, или табиет, па да нарачаш друг пијалак.

Наум СТОИЛКОВСКИ
И пак Оливер со другите министри со Заев на чело, со директори со откуцана картица по 16 часот, и денес одат по митинзи, „ничим изазвани“, избори уште не се распишани, ама можеби тоа е во рамките на правната држава. И таму зборат за европски манири и успеси. Само уште им фали среде тие успеси да го објаснат полнењето на Уставен суд со партиска војска

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Изнаоѓањето разни гачки со калкулирање, воздржување или одбивање на Резолуцијата, оди во прилог  на проектот „Големото нулирање“. Излегувањето од тесните партиски рамки ќе значи дека првпат по триесет години самостојност,  консензуално се донело клучно прашање од национален интерес без посредници и олеснувачи.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Во голема грешка се бугарските „политици“ ако сметаат дека денес со политички уцени може да го добијат она што не го добиле со три војни. Повеќе од јасно е дека ова е последен обид да се анексира Македонија. Упорното повикување на „црвените линии“ не значи ништо освен доследност во блокирањето на евроинтеграциските процеси на Македонија и Западен Балкан

Стојан АНДОВ
Не само американскиот амбасадор, туку и други амбасадори во Белград, по донесувањето на Брионската декларација целосно ги прекинаа врските. Не постоеше во тие моменти можност да се воспостави некој контакт со европските политички кругови, и на тој начин барем формално да се даде на знаење дека Република Македонија, како држава, постои како субјект што има право да ги изнесе своите намери и идни чекори