Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Како што ривалитетот меѓу Западот и Русија на Балканот го направи македонско-грчкиот спор нивно безбедносно прашање и го поттурнаа кон решение, така сега покрај Русија и зголемената активност на Кина во регионот има шанси да ја помогнат нашата ЕУ перспектива. Се чини дека Бајден е, сепак, клучната фигура за ваков расплет, кој бајаги ја здрма летаргичноста на европската бирократија
„ЛЕГАЛЕН БИЗНИС“ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО
„Фокус“ направи истражување преку кое откри од каде доаѓаат идеите за овој вид „бизнис“ и колкава е заработката. Со само еден клик на Фејсбук можат да се најдат безброј страници со експерти и познавачи од сите области, кои нудат да го стават вашето „знаење“ на хартија, а единствено што треба да направите е да го свртите бројот и да си спремите пари
УСТАВЕН СУД И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА
Судот во Стразбур е најпривлечната атракција за македонските граѓани што бараат заштита на своите човекови права и слободи, особено за слобода на изразување, правично судење и долготраен притвор. Уставниот суд, кој треба да биде филтер пред Стразбур, освен што постапува само по три основи, барањата за оценка ги одбива или се прогласува за ненадлежен
ЗЕЛЕНА АГЕНДА VS ЗЕЛЕН БИЗНИС
Иако веќе 13 години ДУИ во раце го имаат Министерството за животна средина, уверуваат дека дури сега добиле еколошко освестување. Но, вистинското прашање е дали навистина го намирисале загадувањето или, пак, дебелите зелени европски фондови кои се спремаат за Западен Балкан?
КОЧО АНЃУШЕВ: НАПАДИТЕ КОН МЕНЕ ЗА ФЕНИ, ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ И МАЗУТОТ СЕ ОД ЛУКРАТИВНИ ПРИЧИНИ!
Кочо Анѓушев е професор на Машинскиот факултет, кој денес поседува повеќе компании што се занимаваат со производство на жичени производи, медицинска опрема, машини за чистење, проектирање хидроцентрали, а своевремено дејствуваше и во секторот со трговија со струја. Во време кога беше вицепремиер беше обвинуван за незаконско водење на стечајот со ФЕНИ,a неодамна беше поврзан и со случајот со спорниот мазут.
ЦРНАТА ЛИСТА НА БАЈДЕН
По ваквиот потег од Вашингтон, дефинитивно станува невозможно градењето политички кариери преку плукање на меѓународно признати договори и најави за нивна ревизија. Сепак, аналитичарите се скептици дека некој од нашите поистакнати политички имиња ќе се најде на оваа црна листа.
СРЕЌА ВО НЕСРЕЌА
Ако Американците те стават на црна листа, можеби тоа и ќе ти помогне да добиеш повеќе гласови, ако својот пиар го организираш соодветно. Тоа се вика среќа во несреќа да имаш. Но, ако граѓаните те стават на нивната црна листа, толку од тебе и твојата политичка кариера. Тоа се вика да имаш, па да немаш. А, од тоа поголема несреќа нема
Колумнисти:
Ана ПАНОВСКА
Срцето на Македонија е виолина, ама се покажа во минатото дека ВМРО-ДПМНЕ и кога ќе ја земеше виолината во свои раце не знаеше како се свири. Едноставно, не знае како се води држава! Со СДСМ може да се „натпреварува“, сега засега, само на темата: корупција и криминал
Наум СТОИЛКОВСКИ
Во овие избори Режимот на Мафијата влегува со Шеф на изборен штаб кој што е министер ЗА корупција, во моменти кога извршната власт во државата е препознаена како извор на корупција, наместо спречувач на корупција? Чесна власт и чесен човек на власт би рекол дека има неспојливост на двете функции
Линдита КАДРИУ
Велат, сега се ценат поинакви вредности. Не е точно. Не смееме да мислиме дека чесноста и знаењето се аут, самата помисла е пораз. Авторитетот е секогаш тренди. Велат, во политиката треба да се влезе богат за да не се биде лаком. Не е точно
Јанаки МИТРОВСКИ
Договорот за автопатот Кичево – Охрид е еклатантен пример за криминално извлекување пари од буџетот и за него МОРА да сносат одговорност минимум двајца министри. Тој што го потпишал со таква клаузула и ни нанел штета за злоупотреба на службена положба, и тој што не тужел за делумна ништовност и со тоа ни нанел штета
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Во Македонија политиката одамна стана отуѓена сфера, а партиите се занимаваат единствено сами со себе. Тоа што во меѓувреме криминалот и корупцијата ја „изедоа“ државата воопшто не ги загрижува. Или, пак, тоа им е целта“!? Којзнае?
Стојан АНДОВ
Марковиќ текстот му го доставил на Глигоров, а потоа и на Изетбеговиќ, со идеја тие да го предложат како основа за разгледување на следните средби на претседателите на републиките и претседателите на претседателствата на републиките. Тој бил убеден ако се дознае дека е автор на тој текст, текстот веднаш би бил одбиен од Милошевиќ и од Туѓман