1342

by fokus 18:00
18:00

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Изговори имаме за сите наши неуспеси, дубиози, пропуштени шанси, за нашата неспособност… Цареви сме неуспехот да го претвориме во победа, а несработеното и лошата проценка да го оправдаме со „виша сила“ или „системски пропусти“, за кои никој не треба да понесе одговорност.

ОД ДРУГ АГОЛ
Додека Мицкоски го промовира новиот им слоган „Македонија за сите луѓе“, веројатно „предавниците“ ги сметаат за нелуѓе, Заев како да ја замислува Македонија за сите нации. Лека полека ќе станеме сериозна конкуренција на Организацијата на обединетите нации

- Advertisements -

ОПЕРАЦИЈА ПОВЛЕКУВАЊЕ ИЛИ ПРЕСЕЛБА?
Според информации на „Фокус“ од добро упатени извори, сосема е реална опцијата Заев на следните двојни избори во 2024 година да остане лидер на СДСМ, доколку не биде кандидат за премиер. Исто така, не се исклучува ниту опцијата тој да се кандидира за претседател на државата…

НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ НЕКОЛКУ ПРЕДМЕТИ НА СЈО
Кога јавноста ќе се разочара од правосудниот систем се извикува паролата „Нема правда, нема мир“, ама се чини ќе продолжи да одекнува и во иднина. И по разурнувањето на СЈО, сепак, последната надеж се гледаше во предметите што произлегоа од таму. Но, сега кога и на голем дел од нив им се заканува разурнување, сомнежот е дека правдата, сепак, ќе остане недостижна

БИЗНИС-ЗДЕЛКИ И НАТРУПАНИ ДОЛГОВИ
Јавната установа Заеднички служби на скопските клиники постои речиси 13 години, а со неа цели 12 години управуваше Шкодране Дарлишта од редовите на ДУИ. Таа својата кариера ја „изгради“ таму, па сега продолжи во одборот директори во Телеком. Оваа јавна установа со години е во долгови, а, според податоците на БЈБ, од 2008 година досега склучила 1.962 тендери.

ЗАЕВ САКА ДА КУМУВА И НА ФФМ
Настапот на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство ја мотивираше Грција да излезе со нови барања, надвор од Договорот од Преспа, но во „духот на добрососедството“. Премиерот Заев најави решавање на проблемот со името на ФФМ, но не откри во која насока.

ПРЕГОВОРИ СО БУГАРИЈА
До Нова година може да очекуваме само зголемување на притисокот и врз Скопје и врз Софија да го решат, за многумина, нерешливиот историски спор. Тоа ќе биде „стапот“ на кој сме веќе навикнати од Aмериканците и нема да не изненади. Проблемот е што ЕУ од друга страна не е подготвена  да го испорача „морковот“

СПОРТОТ И КРИМИНАЛОТ
Поранешниот  спортски директор на Федерацијата за боречки спортови во Македонија, Страшо Глигоров го обвинува актуелното раководство за злоупотреби, ненаменско трошење пари, како и нетранспарентно работење. Што ќе покаже истрагата на скопското јавно обвинителство, кое го испитува случајот и ги проверува наводите во кривичната пријава, која неколкупати е дополнувана?

БЕНЕФИТИ ОД УЧЕСТВО БЕЗ ТРИУМФ
Ако не си гласал, немој да се жалиш дека власта што други ја избрале не ја бива. Дури и да си гласал за поразената партија, ти барем си пробал да смениш нешто. А ако си гласал за победниците кои потоа тебе те изневериле, ти имаш право најгласно да се буниш, бидејќи како што си можел да ги доведеш на власт, така можеш и да ги симнеш

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Кога станува збор за бугарската блокада, за членството во ЕУ не смее да важи „реалполитик“, право на посилниот, на членката, правото на европско кревање раменици и порака „договорете се“. Тоа еднаш е сторено, а басните за напредување, се претворија во кошмарен модел за кршење на темелите на ЕУ

Ана ПАНОВСКА
Како да не се осврнам на преносите на оние наши спортски коментатори од МТВ, особено при првиот натпревар со Австрија, кога со нивната навивачка еуфорија буквално одлепија до степен на непристојност

Линдита КАДРИУ
Флоскула е дека тие што заминуваат, не се патриоти. Можеби баш тие најмногу ја сакале државата, и затоа кога таа им завртила грб еднаш, два пати…предавството повеќе ги заболело. Ако најголемата љубов те изневери, или ѝ преминува  во навика да те изневерува, доаѓа момент и велиш: Доста беше, до тука беше, сѐ најдобро за тебе, одох јас!

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Циничната и иронична флоскула „Народот секогаш е во право, дури и кога греши“, која пред десетина години ја изрече разочараниот „државник“ Бранко Црвенковски, претставува алиби за оправдување на клиентелизмот, непотизмот и кронизмот на народот во носењето релевантни одлуки

Стојан АНДОВ
На Брионската конференција присуствуваа само претседателите на Словенија и Хрватска. Претседателите на другите републики, на Србија, Слободан Милошевиќ, на Македонија, Киро Глигоров, на претседателството на Босна и Херцеговина, Алија Изетбеговиќ и на Црна Гора, Момир Булатовиќ, не присуствуваа и не беа ниту спомнати на Брионската конференција