1340

by fokus 18:00
18:00

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
ДУИ  прави нов политички лупинг и без никакво реформирање и со стари кадри прави ребрендирање. И повторно се избори, само локални и тоа за не цели пет месеци. А и зелената боја е во мода. Не попусто кажа Ахмети: „ДУИ секогаш ги добива изборите“. Човекот знае кога треба да се „премачкаш“ во  друга боја!

ОД ДРУГ АГОЛ
Како што во времето на груевизмот социјалните мрежи беа полни со изливи на ситење за апсот на „душманите“ Велија и Љубе, така сега често слушам исто задоволство кај многумина за притворската судбина на Мијалков, Камчев или Рашковски. Иронија на судбината, како што во една од бомбите го проследивме делириумот на Мијалков од „улисичувањето“ на Бошкоски, во таков транс сега беа паднати некои од неговите жртви

- Advertisements -

ПРИВАТИЗАЦИЈА  НА ЗЕМЈИШТЕТО
Земјоделците немаат пари да ги откупат и малкуте хектари државно земјиште што ги имаат земено со закуп, па со новиот предлог-закон за продажба на државното земјиште стравуваат дека ќе станеме земја на странци

МИЛИОНИТЕ НЕ МУ ДОНЕСОА СЛОБОДА НА МИЈАЛКОВ
Гаранцијата од 10,8 милиони евра на екс директорот на УБК, Мијалков, повторно го отвори прашањето за потеклото на неговиот капитал. Три фирми понудија дел од имотот, од која едната е на неговиот постар син формирана во 2015 година. Прашањето кое се постави е како оваа релативно нова компанија го стекнала и располага со милионски имот?

НИКОЛА ПАНОВСКИ: СО ПРОПИШУВАЊЕТО „СУМАМЕД“ ВО ТОКСИЧНИ ДОЗИ СЕ ПРАВИ КРИВИЧНО ДЕЛО
Пановски е професор на Институтот за микробиологија и поранешен директор на Фондот за здравство. Тој во интервју за „Фокус“ објаснува кои се причините за алармантните црни статистики на починати пациенти од ковид 19, како властите потфрлија во справувањето со ковид пандемијата, зошто Македонија нема официјални протоколи за лекување на корона вирусот и како пациентите се трујат со антибиотици…

РЕГУЛАЦИЈА НА КРИПТОДЕНАРОТ
Србија го регулираше тргувањето со криптовалути, а Македонија сѐ уште се мисли. Во меѓувреме, немањето правила на игра го користат оние кои прават измами, а страдаат граѓаните. Со регулирање на овој пазар ќе добијат сите, вклучително и државата.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ВО ХРВАТСКА
Двете најголеми политички сили во Хрватска останаа и без Загреб и без Сплит – два града во кои живее барем една третина од жителите на цела Хрватска. Ова е најсериозниот во низата удари, кои веќе петта година ги трпат ХДЗ и СДП и, според многумина, е последно предупредување за политичките елити дека не можат да живеат на стара слава.

ВОШКИ, ВРАПЦИ И КАМЕЛЕОНИ
На народот нема кој друг да му биде политички еким, освен самиот на себе. Да ги отвори ќитапите на сопственото искуство, да се сети на сите лаги и изневерени ветувања и да почне да ги чита меѓу редови партиите и да проѕре низ нивната камуфлажа

 

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
Можеме сите да тврдиме дека зад таквиот потег на ДУИ стои некоја расипана игра и смислена, пресметлива дволичност на Али Ахмети, кој сака да се претстави пред домашната и меѓународната јавност како лидер на модерна европска партија од таборот на зелените. И се претстави. Тоа нешто значи и за неговата партија и за државата

Наум СТОИЛКОВСКИ
Најзастрашувачки се дипломатските пораки и канали кои јасно даваат до знаење дека Заев преку Бучковски на маса прифатил сѐ, со тоа што има две сценарија, од кое што со второто на Заев му се отвора можност „за пеглање“ на јавноста за ова, еве брутално, најдалекусежно предавство

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Со подобни судии, правни и политички маневри сѐ постанува релативно – правото, правдината, корупцијата и криминалот. Апсолутно е само дека во оваа држава криминалот ќе остане вечен

Стојан АНДОВ
На седницата  на Собранието на Република Македонија одржана на 15 јуни 1991 година беа искажани различни ставови, па додека СДСМ Платформата ја оцени како солидна основа за продолжување на преговорите и излез од југословенската криза, ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека е задоцнета и треба да се прогласи независност

Линдита КАДРИУ
Можете ли да ги замислите, не знам, Кочо Анѓушев или Артан Груби како се возат во своите потпросечни коли до работа, плаќаат сами бензин, оти со државните пари се внимателни како со лични пари, а кога стигнуваат во офис ја вадат кожената торба полна материјали и прибелешки и се задлабочуваат во работата за Општо Добро…

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Опсесијата „ЕУ по секоја цена“ на политикантите од статус квото претставува матење вода за одржување на власт. Инсталирани од патроните според принципот „Кучкини синови, ама ни вршат работа“, единствената функција на овие прислужници е да ги пополнуваат квадратите во крстозборот од проектот „Нулирање на македонизмот“!