Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Дечки од Владата, малку кочете со ветувањата! Не се доволни писма на намери, проекти на хартија, туку издржани проекти и чисти пари легнати на државна сметка и обезбедени гаранции за нови вработувања. Народецот не е толку наивен и точно знае кога најмногу се лаже: пред избори и по лов и риболов
ОД ДРУГ АГОЛ
Дал актуелниве се мераклии по тендери или им се лоши ако возилото е постаро од три години? Еве, според податоците од ЦГК, просечната старост на противпожарните возила била 28 години, а дури 68 отсто се од минатиот век. Амбулантните, пак, во просек се стари 11 години, но дури 53 отсто биле добиени како донација, ама пожарникарите и медицинарите не се функционери, па да не им личи во „старудии“ да се возат
ГЕВГЕЛИСКА КОРОНА БИЗНИС-ШЕМА
Редакцијата на „Фокус“ дојде до информации дека во градот Гевгелија е развиен бизнис со издавање лажни негативни ПЦР тестови за сите граѓани што сакаат да одат на летување или викенд во Грција. Се работи за позната поликлиника лоцирана во Богданци, која има свои простории и во Гевгелија, а во целата шема се вклучени и познати хотели, кои откако на Фејсбук се испромовираа и букна скандалот, објавите експресно исчезнаа
РАСКИНАТ ДОГОВОРОТ СО „ИНВОКА ГРУП“
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, „Фокус“ обезбеди податоци од 12 институции, кои на компанијата „Инвока Груп“, врз основа на два договорa од 2018 и 2020 година, вкупно ѝ исплатиле околу 5 милиони денари или 78.000 евра за одржување на софтверот за државни испити, како и за вградување нови модули
ВЛАДАТА „ВОЗИ“ НА ЛИЗИНГ
Во кризна година, кога се очекува сите да си ги приберат нозете колку што им е долга чергата, од владата објавија оглас за набавка на 45 автомобили на лизинг во рок од 3 години.Така, според нив, било најекономично! Статистиката, пак, покажува дека граѓаните возат автомобили во просек стари по 19 години.
ВАНЧО УЗУНОВ: КОЈ НЕМА ЕКСПРЕСНО ДА СЕ ПРИЛАГОДИ НА НОВИТЕ ПОСТПАНДЕМИСКИ СОСТОЈБИ, БРГУ ЌЕ ПРОПАДНЕ
Еден од најодмерените експерти во нашата држава е оптимист дека економски може да се стабилизираме веќе до Нова година, а во следните две до три години и да мислиме на економски раст. Во интервју за „Фокус, професор Ванчо Узунов зборува и за дигитализацијата во сите области, политизацијата на пописот, локалните избори, „излетот во политиката“, онлајн- образованието
КРИПТОВАЛУТИ: ПАРИ НА ИДНИНАТА ИЛИ РИЗИК?
Министерството за финансии преку Управата за финансиско разузнавање подготвува измени на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам. Во Нацрт законот за прв пат се споменуваат криптовалутите, односно „виртуелни средства“. Ова е прво препознавање на криптовалутите во легислативата во Македонија и прв чекор за нивна регулација.
СМИСЛАТА НА РАСФРЛАЊЕТО СО ПАРИ
Aко граѓаните трошат гласови на секои избори кога гласаат за докажано корумпирани и неспособни политичари, со тоа покажуваат дека имаат моќ. Триесет години, ние, граѓаните трошиме време и нерви со идиоти на кои им даваме власт и пристап до буџет, кој го полниме со нашите даноци
Колумнисти:
Ана ПАНОВСКА
Оние што прават бауч од реформите и што предупредуваат дека со тоа МОН ќе предизвика кај децата непроценливи штети ми личат исто како оние уплашени пропагандисти од почетокот на 19 век кои агитирале меѓу луѓето да бегаат од тоа ново чудо –железница − зашто ќе оглуват од страшниот звук на штракањето на парната локомотива
Наум СТОИЛКОВСКИ
Колку принципот на Марин е присутен низ другите скопски општини, или можеби во договорите на Јавните претпријатија под Град Скопје на Шилегов? Дали оваа шема со набилдани ценовници е поставена секаде, а Марин е само доволно невнимателен за да му „истече“ случајот?
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Таквото судство реално не прави туристичко– криминална дестинација во која ако сте белосветски „бизнисмен“ или „инвеститор“ и сакате да ограбите и исперете пари, а при тоа воопшто да не носите кривична одговорност, на располагање ви стои судско–обвинителскиот систем на Република (Северна) Македонија
Стојан АНДОВ
Кои се потпорните точки на предложената Платформа? Прво, секој договор за идната Југославија мора да ја уважи и да тргне од сувереноста на републиките, како држави, настанати во текот на НОВ. Второ, секој вид заедница претпоставува договор за некои заеднички акции, за заеднички функции кои што треба да се остваруваат преку заеднички органи. Без тоа нема заедница, рече Глигоров на седницата на Собранието на РМ одржана на 15 јуни 1991
Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Македонските статус кво партии со нивното политикантство на ситни души, креираа држава -клиент за која се грижат други. Заталкани во тридеценискиот превод, сега чекаат патроните САД и ЕУ да им стокмат “разумен компромис” за спорот со источниот сосед