1338

by fokus 19:33
19:33

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Интересно е што најмногу контроверзии ја следат токму најевтината, британско-шведската вакцина „Астра Зенека“. Неколку членки на ЕУ не ги есапеа ни препораките на Европската агенција за лекови. Руската „Спутник- В“ и кинеската „Синофарм“, пак, се игнорирани од развиените демократии, сега токму оправдувајќи се дека не се признаени од истата Агенција, чии ставови за „Астра Зенека“ не им беа релевантни

КОЈ ГО КОНТРОЛИРА ОПАСНОТО МАСЛО?
Сите институции се кренаа на нозе по објавеното истражување на ИРЛ, кое на јавноста ѝ покажа дека некој ги труе граѓаните. Иако сомнежите траат со години и сѐ беше под контрола, сега владата  иницира истрага, која точно треба да покаже кој е виновен за црните чадови од институциите, но и приватните компании

- Advertisements -

МИЛИОНСКИ ТЕНДЕРИ ВО ЗДРАВСТВОТО
Откако Венко Филипче седна на министерската фотелја, во јавноста „пукнаа“ скандали за речиси сите тендери што беа спроведени преку Министерството за здравство, со милионски суми, меѓу кои тендерот за набавка на биохемиски реагенси, потоа тендерот за набавка на вакцини, како и тендерот за набавка на инсулини

ЗОРАН ЗАЕВ: НЕ Ѝ ВЕРУВАМ НА РУСКОВСКА ДЕКА РАШКОВСКИ ЈА ЗЛОУПОТРЕБИЛ ФУНКЦИЈАТА
Досега не сум направил никаква штета на државните и на националните интереси, туку напротив, не само што ги имам сочувано, туку и доафирмирано и потврдено, тврди премиерот Зоран Заев. Тој во разговор за „Фокус“ зборува и за очекувањата во јуни, внатрепартиските односи, актуелните афери, локалните избори…

ГРУЕВСКИ ПЛАНИРАЛ И ВИКЕНДИЧКА ВО КРУШЕВО
Екс премиерот Груевски, освен хациенда на Водно, имал мерак да гради и викендичка во населбата „Вршник“, во близина на манастирот „Св. Преображение“. Парцелите ги зел по багателна цена, а во изградба на инфраструктурата помогнала и неговата влада. „Надзорот“, пак, лично го вршел екс министерот Миле Јанакиески.

СООБРАЌАЕН СУДИР НА ИНТЕРЕСИ
Според податоците што ги обезбеди „Фокус“, моментално испитните центри за подрачјата на СВР Куманово и СВР Велес имаат директни релации со автошколи, што, според експертите, претставува судир на интереси, од причина што, велат тие, една структура има контрола врз двата процеса.

БИВШИОТ НЕПРИЈАТЕЛ Е НАЈДОБАР СОВЕТНИК
За да го разбијат монополот на идеите во советничките тимови, мудрите лидери ангажираат „странци“ или во случајов политички противници чии идеи ќе бидат своевидна конкуренција на оние на лојалистите. За да не заспијат полтроните, кои веруваат дека само нивниот глас секогаш го слуша шефот

 

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
Најголема надеж ми дава интуицијата на ВМРО- ДПМНЕ дека работата, за нивна жал, сепак, ќе ја биде, оти гледам дека уште отсега почнаа да го проигруваат планот Б. „Ами, што оти сме ги почнале преговорите, тоа не е ништо!“ Нека почекаат, како и секогаш Заев ќе им објасни какво и колкаво нешто е тоа ништо

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Она што може да се воочи во ставовите на почитуваните академци за актуелните социјални и економски состојби во државата е отсуството на критички однос не кон начинот на собирање пари во буџетот, туку, токму спротивното – на начинот и обемот на трошењето на тие пари.

Стојан АНДОВ
Му објаснував на претседателот Глигоров дека е нереално ако очекуваме 30 пратеници да предложат единствен текст за нов устав. Тоа значи дека ќе добиеме два текста, еден од ВМРО-ДПМНЕ и друг од СКМ-ПДП. Ќе биде трка кој прв да поднесе предлог за да оствари предност

Јанаки МИТРОВСКИ
Заборавете ги сите митови и конспирации, Власите се народ во изумирање. По документ на Совет на Европа од 1997, во целиот свет постојат само 250.000 луѓе што говорат влашки јазик, а денес четвртина век подоцна состојбата е и полоша

ПОЛЕМИКА: Љубомир ГАЈДОВ
Или за когнитивните проблеми, покрај етичките кај Ристо Никовски, еден од „комунистичките апаратчици“ на неговиот ментор Киро Глигоров

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
За ирелевантна држава, која веќе не е тема сама по себе, туку само додатен елемент во рамките на некоја друга вест, илузорно е да се очекува источниот сосед да ја промени позицијата. Можно е само вклучување на „булдожер дипломатија“