1337

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Сега надежите ни се насочени кон „засилен ангажман на португалското претседателство“. Посилен од германското?! Ако не успее Лисабон, гарант ќе нѐ крепи верба во словенското претседателство. Како што стојат работите, ние веќе не преговараме со Европската Унија, туку фактички (ќе) преговараме со Бугарија. Од тие преговори зависи нашата ЕУ иднина

ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ
Гласните противници на легализацијата на дивоградбите, вистинската цел и намера ќе треба да ја покажат во Собранието за 30-тина дена, каде што, ако не успеат преку дебата да ја тргнат амнестијата на бесправно градење, ќе го блокираат законот со илјадници амандмани. Или ќе станат естрадни политичари, како што ги нарече Мицкоски

БИЗНИС-ЗДЕЛКА ИЛИ ЛЕК ЗА ГРАЃАНИТЕ?
„Фокус“ се потруди да открие кои се сумите на сите видови вакцини, со оглед на тоа што здравствените власти тврдат дека тоа е деловна тајна и како се одвивала целата процедура за нивната набавка?

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ: ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ТРЕБА  ЕДНОСТРАНО ДА ГО НАПУШТИМЕ
Мицковски во разговор за „Фокус“ ексклузивно  открива за понудата што ќе ја достават до потенцијалните коалициски партнери на локалните избори, за очекувањата од Брисел, односот со Заев и со Пендаровски, како и за надежите да седне на премиерската фотелја на Илинденска.

ДОКТОРСКИ ПЛАГИЈАТИ
По откриената афера поврзана со можни десетина плагијати на докторски трудови на професори од Универзитетот во Тетово, Просветниот инспекторат утврдил дека „надлежен“ не е софтверот за плагијати во Министерството за образование, туку некој софтвер во Министерството за култура, кој лови плагијат песни.

ДО КАДЕ СМЕ НА ПАТОТ КОН ЕУ?
Нашиот пат кон Европската Унија е магично врзан со зборот „АКО“. Ако го решиме спорот со Бугарија, ќе почнеме преговори. Ако тие преговори се успешни, ќе влеземе во ЕУ, но не порано од 2030. Веројатно, и среќа во несреќа е, што немаме друга алтернатива, па можеме да се препуштиме на судбината, која очигледно сѐ повеќе други ни ја кројат.

ДОБРИТЕ СТРАНИ НА АМНЕСТИЈАТА
Мое мислење е дека законот за легализација на дивоградбите треба да влезе во сила. Да, точно е дека со амнестијата на досегашните кршачи на законот државата ќе заличи на несериозна зафрканција на дилетанти, ама реално да зборуваме, зар таа граница не е веќе одамна помината?

 

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
Наместо уривање на дивоградбите, Парламентот реши и понатаму да ја урива можноста некогаш да успееме да изградиме правна држава. Нашите пратеници решија и понатаму да го градат и да го развиваат „СИСТЕМОТ НА НЕКАЗНИВОСТ“, кој во сите нормални земји во Европа речиси не постои зашто е смртно уплашен од ПРАВНАТА држава

Наум СТОИЛКОВСКИ
Дури ЕУ е на „стенд-бај“, за жал, мора да има одговорност за сите оние „слики од авионот“ со палците нагоре, но и одговорност за сите оние лаги на овој заевистички модел на „84“. Потоа, да се седне и искрено да се договорат црвените линии на државата

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Секоја политичка партија која нема да се прилагоди кон социјалните и економските барања на граѓаните е осудена на пропаст. За жал, во Македонија речиси сите партии без исклучок оваа основна поставка на политичкото дејствување веќе 30 години ја искривуваат во самата нејзина суштина.

Стојан АНДОВ
Му кажав на генерал полковник Аврамовиќ дека ние  немаме никаков интерес да ги заоструваме нашите односи со ЈНА и да предизвикуваме вооружени конфликти. А симпатијата или антипатијата на македонските граѓани кон ЈНА, многу ќе зависи и од однесувањето на воените власти.

ПОЛЕМИКА: Стојан АНДОВ
Постои битна разлика меѓу погледите на Глигоров за АНОК откако самиот политички  созреал и оние што Ристо Никовски ги доживува користејќи го своето искуство.

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Дното е достигнато. Македонија е истрошена тема. Сега доаѓа нејзиното „големо нулирање“ како единствена реална надеж за европскиот сон. Само со еден клик да го смени минатото, рестартира и почне одново со целосно избришана меморија и клониран народ!