1336

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк


ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ

Заради „мир со ЕУ“, со години чекаме во европската чекалница. Играат со нас топло-ладно и сѐ уште не се знае точно, дали заради „европскиот мир во куќа“, Македонија повторно може да извиси.  Некогаш треба да се каже – доста е! Мирот е добар, но некогаш и немирот може да биде корисен и предвесник на промени

ЗОШТО ТОЛКУ СЕ УМИРА ОД КОВИД?
Дел од лекарите тврдат дека многу од пациентите заразени со ковид 19 се третираат несоодветно, а постои и цел распад на здравствениот систем, со оглед на тоа што дел од заразените беспотребно се затруени со лекови и терапии, кои се непотребни за нивно лекување.

ИЗБОРНИ КОМБИНАТОРИКИ
Неделниот конгрес на СДСМ ќе го означи процесот на обнова на партиските органи, што доаѓа во пресрет на овогодишните локални избори. Освен што се соочува со внатрешно незадоволство, канализирано преку посебни советнички листи, социјалдемократите не може да сметаат на поддршка ниту на цела коалиција, откако ДС, ЛДП и ДОМ најавија формирање посебен сојуз.

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: САМИ, БЕЗ ЕУ, ДО ЕВРОПСКИОТ ПРОСЕК ЌЕ ДОЈДЕМЕ ЗА СТО ГОДИНИ
Претседателот Пендаровски, кој кога беше назначен на функцијата беше оптимист, сега по две години, во интервју за „Фокус“, се опишува себе си како реалист. Објаснува што е „терорист“ во контекст на настаните од „27 април“ , но и за затоплените односи со опозицијата, бугарското вето, борбата со криминалот

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ОБРАЗОВАНИЕТО
Дел од родителите се организираат преку  фејсбук-група против оваа реформа и најавуваат протести, па и референдум. Додека јавноста е во жестока дебата на оваа тема, терминот „турско ропство“ полека се исфрла од наставата како политички некоректен?

БЕДНИЦИ И ПОБЕДНИЦИ
Ако имаш добра песна, не ти треба Евровизија за да станеш популарен. Ако народот те сака, не ти треба партија за да излезеш на избори. Ако народот те мрази, партија не те спасува на изборите

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Зар притисокот врз еден народ да го избрише своето потекло, за да се удоволи на неевропските барања на земја од клубот, не создава нетрпеливост кај своите сограѓани, зар и со тоа не се создава нов конфликт? Уште повеќе што земјата главен условувач не ги почитува европските стандарди, оние што се дел од оној 9 мај, па не признава малцинства

Ана ПАНОВСКА
Битен е контекстот, а не само конкретните зборови кои, по намигнувањето од Владата, експресно беа исфрлени од Речникот, и тоа од самите подготвувачи, кои јас не би ги нарекла автори, зашто да беа ќе си стоеја зад своето авторско дело и темелно ќе ја дообјаснеа и научно ќе ја докажеа потребата од постоењето и на таквите „недолични“ зборови во еден толковен речник, кои патем речено соодветно клапнуваат и во „убавата литература“ и од домашно и од странско потекло

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Политичката борба за власт не може да се гледа само преку нишанот на политичките противници, туку, пред се`, низ една и единствена цел: развојот и демократизацијата на општеството. За сега не се гледа дека некој на политичката сцена го нуди и го може тоа

Стојан АНДОВ
Мобилизацијата на резервистите во Македонија, токму во втората половина на мај и почетокот на јуни, на политичарите во Македонија, но и на јавноста и изгледаше доста сомнителна и многу луѓе се прашуваа: зарем ЈНА ќе остане југословенска народна армија ако Словенија се одвои, а ЈНА удри на неа?

Јанаки МИТРОВСКИ
Никој денес не говори дека по Втората светска војна имаше геноцид над цело едно население, кое денес нема право ни да припари на родни огништа. Никој не говори дека Македонците во Бугарија немаат право да регистрираат здружение на граѓани. Здружение, алооо…!!! Дури сега во Албанија го имаме првиот пратеник етнички Македонец, а Албанија е ѓоамити пред нас на патот кон ЕУ

ПОЛЕМИКА: Ристо НИКОВСКИ
Ако беше Андов избран за претседател, работите сигурно сосема поинаку ќе се одвиваа и Македонија немаше да биде понижена и фрлена на ѓубриште од банда терористи, кои подоцна станаа „хуманитарци“. Во тоа време, Андов не беше спремен да се витка ’рбетот и во никој случај немаше да го дозволи тоа што ни се случи

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Функционирањето на македонскиот механизам на организирана корупција, би можела да се искаже со формулата К = М + Д – О, што значи дека распространетоста е поголема, колку што власта е монополизирана, со широки дискрециони права на јавната бирократија и минимална отчетност и одговорност.