1326

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
По контроверзното појавување на Мијалков, а особено по пресудата за затвор од 12 години, но и притвор, Заев е друг човек. Како да му падна тежок товар од грбот, но во тоа негово еуфорично претерување со самофалбите, потсети  на еден негов колега од соседството. На еден друг политички „супермен“, кој во исто време е и претседател, премиер, министер за здравство, обвинител, судија, па дури и студент

ПОЛИТИЧАРИ КРИВИЧНО ОДГОВАРААТ ДУРИ КОГА ЌЕ СТАНАТ БИВШИ
Како една партија се трансформира во злосторничка банда? На една група, пред сѐ, ѝ треба политичка партија преку која ќе дојде до посакуваната позиција – да управува со државата. Тогаш се во можност да се омрсат од буџетските ресурси. Тие огромни црни пари потоа се инвестираат во изборни кампањи за да остане партијата, а со неа и тие, на власт. Со тоа ем си купуваат имунитет од прогон, ем си отвораат нови прилики за дрпање уште пари. И кругот е затворен

КАДЕ СЕ КРИЕШЕ МИЈАЛКОВ 48 ЧАСА?
Во кој објект или стан Мијалков престојувал додека беше недостапен за државните органи? Дали имал помош да стаса од една до друга адреса? Како течеле преговорите за мирно предавање? „Фокус“ разработува повеќе сценарија кои водат во комшии на Водно, но и во Грција, Србија, Чешка, па дури и во Шпанија.

АРБЕН ТАРАВАРИ: ОПСТРУКЦИИТЕ ОД РЕЖИМОТ НА СДСМ – ДУИ СЕ ПОГОЛЕМИ ОД РЕЖИМОТ НА ГРУЕВСКИ И НА АХМЕТИ
Арбен Таравари во интервју за „Фокус“ ја коментира 12-годишната затворска казна на екс шефот на тајната полиција, неговото бегство, потоа со какви притисоци, финансиски полиции и ревизии се соочува Гостивар и што се случува во јавното здравство, кое веќе една година е под канџите на ковид пандемијата.

БОРИС КРМОВ: ШАНСИТЕ ДА СЕ РАСТУРИ ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО НИКОГАШ НЕ БИЛЕ ПОГОЛЕМИ
Партијата Левица е една од ретките партии што се изјаснија против впишувањето етничка припадност во личните карти. Нашиот соговорник  Борислав Крмов во јавноста предизвика внимание со неговите анализи во Парламентот токму за етничката припадност, а во разговор за нашиот весник зборува и која е целта на блокирањето на закони со амандмани.

КРАЖБИ НА ВЕЛОСИПЕДИ
Велосипедот  години наназад станува се почесто превозно средство за граѓаните. Но, љубителите на велосипедизмот мака- мачат со кражбите на велосипедите кои зачестија во изминатите неколку години, ставајќи ги во дополнителен трошок за купување на нови велосипеди.

ПОЛИТИЧКА УФИЛМАНОСТ
Го гледаш Заев како со сите сили се бори со последните остатоци на груевизмот, го гледаш Мицко како херојски се бори да го спаси она што остана од македонштината, ги гледаш албанските лидери како нешто глумат за нивната публика и си помислуваш дека некоја жестока борба полна со искрени емоции се води. И потоа ти текнува дека триесет години го гледаш истиот филм и си викаш „а бе, дај да си легнам, утре треба рано да одам на работа“

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Можеа да не кажат и дека Мијалков е „киднат“, ама притисокот беше пресилен, па му се наместија коцките на Заев и Оливер Спасовски да си го „изеде“за сите политички функции. Не мора да кажат дека Мила, Оливер, сите тие мора да паднат за на Зоран да му остане само доверливиот Љупчо Николовски, за да го задржи Заев на позиција по падот од власт

Арбена ХАЈРЕДИНИ
Предлог-законот за опфаќање на националниот идентитет во личните карти е опасен, не само како чин за себе, туку претставува и преседан за слични иницијативи во иднина да се наметне колективниот идентитет нa штета на индивидуалните права.

Стојан АНДОВ
При првото гласање Глигоров доби само 60, а да биде избран требаше да добие барем 80 гласови. Од 120-те пратеници недостасуваа 23 гласови, што беа со бели ливчиња, тоа беа гласачки ливчиња од пратениците на коалицијата ПДП-НДП, а 37 беа против, тие беа од ВМРО ДПМНЕ.

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Излишно е прашањето: зошто југоносталгија? Затоа што претставува среќа која Македонецот го прави  тажен и истовремено тага, која го чини среќен. Жалење за минатото, чувство и убедување дека било подобро, а тоа за кое се жали спречува да биде добро во сегашноста.