1327

by fokus 19:28
19:28

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Заев не е ниту политички „Генералиќ“, а уште  помалку политичка „Мајка Тереза“. Повеќе сум склона да верувам дека проектот за политичко окрупнување, но и за поделба на одговорноста, не е негова оригинална идеја и направена без знаење на меѓународниот фактор. На некој начин, дури верувам и дека Заев е принуден да ја тестира како „пробен балон“. Ако не за сега, за некои подобри времиња, кога ќе дојде водата до гуша

ОД ДРУГ АГОЛ
Понудата од Заев до ВМРО-ДПМНЕ за заедничка влада ми звучеше ептен шегобијно, особено аргументот дека со ваква „двоглава“ влада, или „троглава“ сосе ДУИ, би добиле департизација на администрацијата. Тие што ја партизираат три децении, кога ќе бидат заедно, ќе се понашаат европејски!

- Advertisements -

ШИРОКА КОАЛИЦИЈА СО ТЕСНИ ИНТЕРЕСИ
Освен помалите партнери во власта, овој предлог експресно го отфрли Мицкоски, но доби поддршка од Тодоров, кој е дел од иницијативата за промени во ВМРО-ДПМНЕ. Дали Заев се обидува да детектира подобен соговорник во противничкиот табор за реализација на идејата за концентрациона политичка влада, откако неодамна позитивни сигнали кон него испрати Јанчев?

ТАЈНИОТ ИМОТ НА БЕГАЛЕЦОТ
Бегалецот Никола Груевски веќе трета година живее во Будимпешта, а зад себе ги остави семејството, како и поранешните блиски соработници, кои ги отплаќаат и неговите гревови. Но, тука е и неговиот нелегално стекнат имот, кој, иако е затскриен зад лажни сопственици на хартија, сепак, излегува на виделина.

ПОЛИТИЧАРИ НА СУД
Додека Заев јавно кажува кој тужи и за што тужи, другите партиски функционери од владејачката СДСМ тужат кришум. Николовски има поднесено две тужби против  ВМРО-ДПМНЕ и Александар Пандов, а за другите функционери нема информации. Но, освен меѓупартиска битка, во судовите се водат и внатрепартиски битки.

КОНЕЧНО ФЕР ПЛЕЈ НАТПРЕВАР
Многу луѓе кои се десно ориентирани го презираат Мицкоски сметајќи го за интригант и кукавица. Ако покаже дека нема страв од фер плеј, ако даде на знаење дека е спремен да излезе на изборен натпревар кој не ги фаворизира големите партии туку им дава еднакви шанси на сите, некои луѓе ќе си речат дека конечно престанал да биде сплеткарош.

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Јасно подадена рака до оние кои ги нарекуваше мафијаши, организатори на прислушувања, злосторства. Е мои „Граџански“ активисти, што си дочекавте, Нино „Доктор Смрт“ Тодоров да ви го нудат како посакуван министер!?

Ана ПАНОВСКА
Способните, образовани, успешни и самосвесни жени немаат потреба „противникот“ во животот по кое било прашање да го лоцираат само во мажите. Ним им е сеедно со кого се борат на патот кон животните цели и вистини. Многу често биле и омаловажувани и спречувани токму од жена шефица или началничка

Стојан АНДОВ
Одлучувачки глас во Претседателството, за да може да интервенира ЈНА, бил гласот на Васил Тупурковски од Македонија. Официјалните органи во Словенија, Хрватска и БиХ и демократските сили во Белград поставуваа прашање за тоа што се случи во СР Македонија, што му овозможи опстанок на Милошевиќ.

Мухамед ХАЛИЛИ
За време на неговиот претседателски мандат, Киро Глигоров многупати нечесно се постави кон ПДП и Албанците. „Старата лисица“ на Балканот се обидуваше да го дрибла Западот околу националните права на Албанците со неговата мека дипломатија, но одолжувањето на решавање на проблемите од Македонија како „оаза на мирот“ создаде оаза на конфронтации и недоверба

Звонко ДАВИДОВИЌ
Состојбата во судството е навистина сериозна и бара сериозен пристап, а не популизам, бара вистински длабоки и коренити реформи , а не шминка. Чесните судии треба да го дигнат својот глас и да почнат да зборуваат, ама не за притисок на јавноста или новинарите, туку за случувањата и хаосот во судството.

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Естрадизацијата на најновиот план за борба против системската корупција е антилогинг на воспоставениот систем со многу фабрички дефекти. Скепсата дека „Акцијата 21“ ќе се компромитира и корумпира, произлегува од недоволната политичка волја на тројката статус кво партитократи.

Јанаки МИТРОВСКИ
Премиерот воопшто не е мутав. Напротив, покажува политичка итроштина, независно дали доаѓа од него или некој би рекол има добри советници. Во тој случај бил доволно паметен да одбере добри советници, бидејќи само глупавите знаат сѐ. Како држава не смееме да си дозволиме да го потцениме Заев и да ја повториме грешката со Груевски.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
„Големата“ заслуга на Груевски и на Мијалков е што докрај го развија и го унапредија системот на криминал и корупција во институциите на системот. За жал, независно од искрените или неискрените желби, ниту владите на Заев не успеаја позначително да ја променат оваа слика за функционирањето на „институциите на системот“.

Искра ПАНОВСКА-ДИМКОВА
Како може претседател на МАНУ да се загрижи, па да се повлече, па да се радува, па сепак на крај да остане загрижен за наводното укинување на катедрите, за НАВОДНОТО ништење на националниот предзнак на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици и на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности, а притоа во сопствената институција што ја води, чиешто име така херојски го одбрани, да не се загрижи што нема одделение со предзнакот ’македонски’