1325

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Цели 44 часа државата ни изгледаше како епизода од „Скриена камера“ додека го бараше постариот братучед, кој здувна пет дена пред изрекувањето на првостепената пресуда за масовното прислушување. Ама, нацијата може да здивне, а властите се спасија од нов резил, началникот само дремка го фатила и температура

ПАЗАРОТ ЗА ГОЛЕМОТО ВРАЌАЊЕ НА МИЈАЛКОВ ЛЕЖИ ВО КАЗНАТА?!
По приказната на Сашо Мијалков и бајката на премиерот Зоран Заев, за тоа што се крие зад бегството и големото враќање на бегалецот, очигледно е дека се крие трета вистина. Сликата ќе биде појасна в петок, при изрекувањето на пресудата, а тогаш на виделина ќе излезат и другите соучесници

МИСИЈАТА НА „НАЧАЛНИКОТ“ И НА „ПЕНЗИОНЕРОТ“
Иако Мијалков e во „куќен притвор“ , сепак, неговата структура ќе продолжи со активностите за уривање на Мицкоски, но и со подготовки за настап на овогодишните локални избори. И Црвенковски се пресметува дали има шанси за сериозен продор на внатрепартиските избори, но пореална е опцијата индиректно да истрча на изборите, со формална или неформална на други кандидати.

ПРОЕКТ 145 СПОРТСКИ САЛИ
Грандиозниот проект за изградба на спортски сали кој започна во времето на „вмровците“ го следат низа скандали во текот на сите овие години. „Фокус“ располага со список и фактури на дел од лицата кои биле ангажирани во министерството со договор на дело, Проектот кој започна во 2009 треба да финишира дури во 2024 година и доцни 188 месеци.

КАКО СЕ ТРОШАТ ПАРИТЕ ЗА НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ
Со користење на свои украси за новогодишно украсување и  само нивно дополнување и обновување секоја година се заштедува и до 30 отсто во споредба со изнајмување украси секоја година. Сепак, поголем дел од општините преферираат да распишат тендер и украсувањето за нив целосно да го спроведе фирма која и ќе им ги изнајми украсите.

ГОЛЕМА СВЕТСКА ТРКА ЗА ВАКЦИНИТЕ
Израел е веројатно првата светска држава која сфати дека вакцините не се само здравствен, туку и економски и безбедносен адут. Најголем срам и разочарување дефинитивно е Европската унија која ваквата неспособност и несолидарност сигурно скапо ќе ја плати.

БЕНЕФИТИ ОД БЛАМАЖАТА
Во Грујово време, опозиционерите редовно викаа дека тој е глупав човек, а не им текнуваше дека ако тие постојано губат од него на избори, тогаш тие се поглупави од него. Во Заево време, опозиционерите цело време тераат мајтап со неговата интелигенција, а не им текнува да се прашаат колкав е нивниот коефициент на интелигенција ако трипати едно по друго губат избори од таков „глупчо“.

 

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
Граѓаните има да си ги почитуваат законските одредби и резултатите од пописот, и тоа без каење. Нема потоа ‒ зошто како бројка сме излегле олку малку Македонци на пописот! Одговорот е прост! Ами бојкотиравте, не ги пуштавте попишувачите дома сте се плашеле од короната, сте се силеле и сте се надевале дека пак ќе го срушите пописот како во 2011

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
На уважената обвинителка Русковска да и посочам, за да провери, и како и колку време нејзините колеги од основното и Вишото јавно обвинителство во Штип, Ристе Бојаџиски и Тодор Витларов, ја кријат и во фиока ја чуваат кривичната пријава против судија на Основниот суд во Штип и на Врховниот суд, доставена токму од нејзиниот заменик Наум Пановски

Стојан АНДОВ
Најсериозен и упорен противник на било каква сувереност на СРМ тогаш беше Бранко Црвенковски. Како слабееше угледот на Гошев, така јакнеше угледот на Црвенковски, млад кадар, кој тврдеше дека е роден како Југословен и останува Југословен.

Звонко ДАВИДОВИЌ
Како и да е, и пред короната, и по неа, состојбата е константно иста во државава, вирусна инфекција на корупција, пропратена со партиско криминално распаѓање на имунолошкиот систем на државата

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Нарушениот вредносен систем во однос на безбедната подобност, го лекува НАТО токму со рецептот “Дружба си е дружба, служба си е служба”. Со него позитивно мислење не можат да добијат политички и безбедносни кадри кои одработувале агенди за странски служби

Јанаки МИТРОВСКИ
Крилото на Мијалков ќе си остане активно, тој ќе го команда и финансира од далечина, бидејќи на власта и е потребно за поткусурување на ДПМНЕ. Сашо Мијалков има доволно пари да си седи во Прага цел живот, иако веројатно тоа не му е план.