1314

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
И што сега! Не бидна декември, па ќе го чекаме март в година. Да поминат бугарските избори, па потоа ќе дојде португалското претседавање. И веднаш се сетив на Лисабонската декларација и тоа дека со нив сме немале голема среќа.

НА БАЛКАНОТ Е НАЈДОБРО ДА СИ ПЕСИМИСТ
Заев оптимистички ветуваше дека ќе срушиме режим со пенкало, што звучеше бајаги забегано, но бидна така. Потоа со иста жар уверуваше дека ќе го реши спорот со Грција, па и тоа се случи. Е третиот пат киксна, кога тврдеше дека ќе стартуваме преговори со ЕУ, но бидна тонч од Французите.

ТЕНДЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈА ПАТ“ СЕ ПОСОЛЕНИ
Пред патиштата да бидат натрупани со снег, „Македонија пат“ навреме набави рекордна количина на индустриска сол. Покрај неколку милионскиот тендер, претпријатието со години троши милиони евра на изнајмување на туѓа механизација, иако со истите пари може да купи своја!

ДВОЈНИ АРШИНИ ЗА СЛУЧАЈОТ  „27 АПРИЛ“
Иако како сведок Заев требаше да каже само што видел и што се случило тој ден, сепак, тој кажа дека Груевски ги изманипулирал, Вељаноски, Ристовски и Јанакиески. Дел од одбраната и јавноста згрозени што се прави пазар „крупните риби“ да куртулат

КОЈ ЗАРАБОТУВА НА МАКАТА НА ГРАЃАНИТЕ?
Заклучно со понеделник во Македонија се направени 348.795 тестирања,  од кои над 150.000 направиле само приватните лаборатории. Зошто  државата со два до три милиони евра не го реши овој проблем и не направи сите тестови да одат на фондовска сметка?

ПРИВИТИЗАЦИЈА НА ДРЖАВНИ ЗАГУБАРИ
Државните фирми вкупно должат над 60 милиони евра, а само лани направиле минус од скоро 8 милиони евра. Неодговорно е, велат експертите, јавно добро да се замени со приватно, ако доминантната причина за лошите резултати е раководењето!

НАЦИОНАЛНИ ЛИДЕРИ, НЕКОГАШ И СЕГА
Гоце (на кукушки дијалект) рекол на времето дека го разбира светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Дали нашите денешни национални водачи светот на политиката го разбираат како поле за коруптивен натпревар меѓу партиите?

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Еве, го преземам ризикот да ме тужи за мојата оценка дека е патолошки лажго, нека донесе медицинска белешка дека не е, а јас ќе ги извадам сите контрадикторни изјави во јавноста

Мила ЦАРОВСКА
Преку сеопфатното сексуално образование, децата се стекнуваат со знаења и вредности кои ќе им помогнат да водат здрав и достоинствен живот, да пораснат во сигурни и информирани личности и да развиваат здрави партнерски односи.

Ана ПАНОВСКА
Ако Заев и сега успее само со ситни залачиња да му го потсмири гладот, овој пат на „источниот волк“, тогаш не би барала да се тргне споменикот на хеленската култура од сред плоштад, туку би го оставила коњот, би го тргнала Воинот и на негово место би го истопорила Заев

Стојан АНДОВ
Евроатланските сојузници веќе му  порачаа на државното раководство на Бугарија дека не може и натаму да седи на две столици и за тоа бугарското раководство и Бугарија ќе мора да понесат одговорност. Не е можно понатаму да се толерира однесувањето, што го врши бугарската влада, кога настојува фашистичкото минато на Бугарија да го прикаже како европска доблест и како обврска на ЕУ.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Да сум на место на Заев, покрај многуте “советници” платени со парите на граѓаните, би вработил еден кој, секое утро ќе ме критикува за грешките од претходниот ден, а кои, заради лична суета, не сакам самиот да ги согледам. Тоа е најдобриот метод за подобрување на резултатите и “продуктивноста” во политичкото делување

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Меркантилистичката идеологија на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ останува единствена sвезда водилка и „вјерују“ во бескрупулозната и брутална борба за власт. Каква правна држава, какви бакрачи! По завршувањето на пандемијата со корона вирусот и разврската со ветото за преговори со ЕУ, потајно  се надеваат на последниот „четврти чекор“

Јанаки МИТРОВСКИ
Фотографијата е специфична струка и никој освен самиот фотограф не може да одреди колку таа вреди, бидејќи е уметничко дело, а не сок што го купувате од продавница. Дома имам преубава слика од сега веќе покојниот и легендарен Мерсад Бербер, и кој може да ми каже колку таа вреди?!