1315

by fokus 19:00
19:00

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Еден ден ќе мора да падне и ветото од Бугарија. Тогаш, неминовно ќе мора да се отвори и поглавјето 23, кое е едно од најтешките и најважните поглавја што треба да се завршат. А, со вакво уплашено, зависно и заспано судство не сме ни за дома, а камоли, да го положиме тестот на Брисел

100 ДЕНА ВЛАДА-101 ИЗГОВОР
Владата се пофали што сработила, но и се правдаше за она што не го направила. Дел од ветувањата било невозможно да се реализираат во еден ваков силен бран на пандемија, која веќе остана во втор план по бугарското вето на патот кон ЕУ.

- Advertisements -

СТАР БАГАЖ-НОВА В.Д. ФУНКЦИЈА
Против екс директорот на скопската Клиника за неврохирургија, Александар Чапароски пред три години беа поднесени две кривични пријави, за примање поткуп и потекло на имот,„Фокус“ деновиве  го лоцираше на новата функција како в.д. шеф на катедрата за хирургија на Медицинскиот факултет.

БОРЧЕ ДАВИТКОВСКИ: БЛОКАДАТА НА СОБРАНИЕТО СО ИЛЈАДНИЦИ АМАНДМАНИ Е „ЗЛОУПОТРЕБА НА ПРАВОТО“
Професорот по административно право како заразен од ковид 19 на своја кожа ги осети слабостите на здравствениот систем. Во интервју за „Фокус“ разговаравме и за блокадите во Собранието, „рамковните“ вработувања, најавите за продажба на државни капацитети, за ветото на Бугарија.

ЗАТКУЛИСНИ ИГРИ ВО МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИОТ СПОР
Назначувањето на Бучковски за специјален претставник за Бугарија не е за да се изолира Димитров, туку за да се врати довербата во пресрет на последниот обид за договор со Бугарија до крајот на годинава, велат извори од Илинденска. Во спротивно, Заев ќе ги чека бугарските избори, со очекување дека ВМРО на Каракачанов ќе остане надвор од парламентот.

МЕДИЦИНСКИ ОТПАД КАЈ КВАНТАШКИ ПАЗАР
По информацијата дека кај Кванташки пазар ќе никне нов погон, повторно се вклучи алармот. Тој особено е засилен, бидејќи станува збор за фирма против која веќе се води предистрага за несоодветно постапување со отпад

ВЕК И ПОЛОВИНА ГРАДИМЕ ПРУГА КОН  БУГАРИЈА
Не би било лошо и за двете страни, доколку  Бугарите  не притиснат  конечно да се заврши патната и железничката инфраструктура, која цели 75 години буквално вештачки не држи отсечени од нашиот историски и културолошки најблизок сосед

ЛЕКЦИИ ОД БРОДОЛОМИ
Дури и на најцврстиот брод со најискусниот екипаж и капетан црно му се пишува ако никој нема поим кај се наоѓа пловилото среде отвореното море. Државата што нема стратегија, која нема национален план, која нема дури ни свест дека такво нешто ѝ треба, нема далеку да стигне

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Предавничките политики никогаш не се исплателе, ниту порано, ниту сега и ниту некогаш ги решиле „проблемите“. Прашање е само до каде може да дотераат сега? Иако  Зоран бега од одговор, наскоро ќе покаже дали ја разбрал најважната порака- онаа од Македонија- дека и дошол преку глава?

Ана ПАНОВСКА
Прашање од новинарката за ветувањето на Заев за просечна плата од 34 илјади што, ете, уште не било исполнето„ Дете младо, па не знае што е тоа инфлација, скраја да е! Не просечна плата од 34, ами и од 134 илјади може веднаш да се постигне, само да се „залауфа“ печатницата за пари.

Стојан АНДОВ
Од сите источноевропски земји, Бугарија беше последната што го смени партиското и државно раководство што владееше за време на Информбирото. Но, духот на ИБ и натаму владееше во Бугарија. Се менуваа раководители.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Најголемата порака од овие локални избори во Штип до партиите е да не се глупираат со какви било предизборни „далавери“. И без нив и со нив, изборите поминуваат, а остануваат само црните дамки што ги следат партиите и избраните градоначалници во нивниот мандат