1313

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Во целата оваа помалку загорена бугарско-македонска каша се вмешува уште еден екс премиер. Откако Владо Бучковски куртули од затвор за неколкуте афери што му се ставаа на душа, сега владата го назначува за специјален претставник со Бугарија. Тој, пак, самобендисано вели дека ќе бил „додадена вредност“! Чиста перверзија!

ОД ДРУГ АГОЛ
Надежите се крепеа со тезите дека Германија и САД силно се залагаат за нашата европска иднина. Сепак, најавите се дека следува вето од Бугарија. Излегува дека бадијала Заев го почести БГНЕС со своите историски „братско пријателски“ преданија.

СЛОЖЕНА ПОЛИТИЧКА СЦЕНА
Додека партиите водат меѓусебна битка, лидерите на СДСМ, ВМРО и ДУИ се под внатрешен напад. Црвенковски побара СДСМ да се огради од Заев, Мијалков подолго време работи на смена на Мицкоски, а сега Меџити најавува интерпелација на двајца министри кои се личен избор на Ахмети.

АХМЕТИ СЕ СПАСИ ОД „ПОПИС“
Лидерот на ДУИ,се спаси од кривичниот прогон за случајот „Попис“, во кој беше осомничен заедно со Никола Груевски. Истрагата е запрена, бидејќи обвинителството не успеало да докаже дека некогашните коалициски партнери здружено се договориле да го бојкотираат пописот во 2011 година.

АСПАЗИЈА СОФИЈАНОВА: НА КЛИНИКАТА ПОЧИНАЛЕ И ДЕЦА ШТО СИГУРНО МОЖЕЛЕ ДА СЕ СПАСАТ
Софијанова во интервју за „Фокус“ објаснува во каква состојба ја затекнала клиниката, колку деца починале, зошто е зголемена смртноста, како таа планира да се справи со проблемите, нехигиената, интрахоспиталните инфекции, лошите меѓучовечки односи…

ФАКТИ ЗА БУГАРСКО-МАКЕДОНСКИОТ СПОР
Многумина сметаат дека премиерот зборува историски небулози за постигнување политички поени, а всушност, реалноста е спротивна. Она што јавноста го препишува на неговото незнаење, всушност е наша колективна историска заблуда на која погрешно не учеле цели 75 години.

ДОБРИТЕ СТРАНИ НА НЕБУЛОЗНОСТА
Заев утре ќе му рече на Мицко дека со сегашново глупирање голема услуга му направил, имено „јас да не се правев сам луд, ти немаше никогаш да дојдеш на власт, па затоа ми должиш услуга“ да му каже. И Мицко да мора да го пушти да избега во Софија. Баш како што Грујчо го пуштија да избега луѓето кои кога беше на власт можеше да ги уништи, ама ги поштеди.

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Распадот на државотворниот мит за СДСМ заврши со Заев. За жал, со него започна и најголемиот потрес за Македонија. Доколку Заев опстои на политичката сцена, а нема, би завршил и митот за Македонија и Македонците, онака како што беа прифатени во тој мит од страна на членовите и симпатизерите на СДСМ

Ана ПАНОВСКА
По сите нивни апели, молби и убедувања да не инсистира на билатералните спорови со Македонија во пристапните преговори, Бугарија со нејзиниот однос буквално ги помоча и ги истретира тие големи меѓународни политички моќници како кучиња што лаат додека бугарскиот карван си врви

Стојан АНДОВ
На проба е зрелоста на раководството на нашата држава. Тоа треба да биде сплотено, да нема било какви пукнатини во односите меѓу претседателот и владата, и да се издржи и  да се одбие притисокот од Бугарија. Сега сме во многу поповолна ситуација.

Јован ДЕСПОТОВСКИ
Ние сме доволно мудри да ги разбереме придобивките и да изиграме мудро до крајот. Да измериме што навистина е отстапка, а што паметен пристап и политика, која не ја менува суштината – Македонците, со својот мајчин македонски јазик еден ден, во блиска иднина, ќе бидат дел од ЕУ

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Кој ги уби Христијан Тодоровски Карпош, Раде Јовчевски Корчагин, Кузман Јосифовски Питу, Јосиф Јосифовски Свештарот, Мирче Ацев, Славчо Стојменски и плејада други борци против фашизмот и бугарскиот окупатор !? Или, пак, тие сами се самоубиле поради „невозвратена“ љубов кон „администраторот“.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Личните интереси им беа пред сѐ и над сѐ. Кокодакаат  дека создавачот на нивната партија бил историја, не знаејќи дека токму тие родоодстапници ќе бидат избришани од историјата. Блам!!!

Лилјана ПАВЛОВА
Нашиот Патоказ повикува на големи промени од 2021 до 2025 година, во начинот на кој ги финансираме проектите, го проценуваме ризикот, ги поддржуваме иновациите и помагаме да осигуриме дека заедниците кои во моментов се поддржани од фосилни горива нема да страдаат за време на транзицијата.