Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
На чекор сме и до нова политичка криза, не само заради нефункционалниот парламент, туку и очекувањата дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ја искористи бугарската „сопка“ во своја полза
ОД ДРУГ АГОЛ
Според Захариева, безмалку нашите власти шират омраза кон Бугарија. Иако секоја дума на госпожата како со бензин ги потпалува негативните емоции кај нашето граѓанство, додека македонските фактори газат по јајца за да не ги иритираат бугарските колеги, во надеж дека ќе се случи чудо.
ШТО СЕ КРИЕ ЗАД ПРАВНИТЕ ЛАВИРИНТИ?
Со помош на неисправни судски решенија за законски наследник, надлежната владина Комисија му определи 95 милиони денари на скопјанец по основ на денационализација на земјиште во Лисиче со површина од 145.000 квадрати, кое, патем, денес на терен не одговара во целост со скицата од тапијата на неговиот прадедо стара 86 години.
ДЕТСКА КЛИНИКА
„Фокус“ дојде до податоците дека околу 30 лекари специјалисти си заминале од клиниката во последните десетина години, а да не зборуваме и за медицинскиот персонал. Дури една од лекарките отвори и своја приватна ординација и стана матичен лекар-педијатар, не можејќи повеќе да ги трпи лошите услови за работа.
МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ „ФРЛЕНИ“ В ОГАН
Голем дел од медицинските сестри, освен што се истоштени, се и со празни џебови, и пензиско и здравствено осигурување. Пратени во првите борбени редови, со мотивација од 14.000 денари месечна плата.
АНГЕЛ ДИМИТРОВ: ВО РСМ НЕДОСТАСУВА ТОЧНА ПРОЦЕНКА ЗА БУГАРСКАТА ПОЗИЦИЈА И ЗА СОПСТВЕНИТЕ МОЖНОСТИ
Бугарските ставови ѝ се добро познати на македонската јавност, а овој разговор со проф. Димитров, копретседател на Мешовитата бугарско-македонска комисија, е само негова аргументација и дообјаснување на тие ставови. Иако за многу читатели тие ќе звучат иритантно, контроверзно и лажно, сепак, добро е да се слушнат изворно и во својата оригинална верзија и да останат пишувано сведоштво за некои идни времиња
АПСЕЊА НА КОСОВО
Без разлика на исходот од судскиот процес за кој се очекува да трае со години , отстранувањето на Тачи од Приштина ќе покрене низа политички промени на Косово. Ова е прв пат после дваесет години да се отвора простор за нова политичка реалност без сенката на ОВК
БИРГИНГ И КОРФИНГ
Луѓето што биле во подрум цело време немаат право да ги критикуваат луѓето што биле во визба цело време. Луѓето што не сакале да ја чујат вистината, немаат право да ги критикуваат тие што не сакале да ја слушнат вистината.
Колумнисти:
Наум СТОИЛКОВСКИ
Џабе му е на Заев тоа што сега се обидува да глуми патриот. Патриотизам значи да се грижиш за државата и за граѓаните, да обезбедиш благосостојба, здравствена и економска, безбедност и сигурност на граѓаните дека некој стои зад нив и не ги гледа како статистичко бројче
Ана ПАНОВСКА
Околу Тито имало толку многу „предавници“ од македонско потекло што изгледа ќе треба на Захариева да ѝ го ставиме на располагање Томе Аџиев и заедно да си стокмат комисија за лустрација.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Бугарско-македонскиот спор за идентитетот и јазикот трае со децении и никогаш нема целосно да се реши. Произлегува дека историчарите и политичарите од двете држави сѐ уште се заробеници на „научниот социјализам“ со апсурдни тези за „историски аргументации
Стојан АНДОВ
Не слушајте што кажува Денко Малевски, тој не е експерт. Слушајте ги само членовите на нашиот дел од заедничката комисија, што се избрани врз основа на Договорот со Бугарија. Тие се експерти, овластени по закон, не смеете да ги омаловажите.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ова се тешки времиња за вистината и за правдата. Особено кога станува збор за однесувањето на нашите источни соседи, Бугарите, кои традиционално се најверните следбеници – на Хитлер, на Сталин, сега на ЕУ.
Арбен ТАРАВАРИ
Оваа пандемија, најверојатно, уште неколку месеци ќе заврши, овие месеци моето очекување е Владата да воведе карантин, но под апсолутен услов да се грижи за економското достоинство на луѓето … на сите луѓе кои се под притисок на вирусот и сиромаштијата
Јанаки МИТРОВСКИ
Жалосно е што кај нас институтот res judicata, кој значи „веќе решена работа“ со децении беше запоставен кај нас, а повисоките судови, барем скопска апелација, започна да го применува дури годинава.