1312

by fokus 18:00
18:00

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Идејата со даночна амнестија и минимално оданочување да се полни буџетот, за да се зголеми опфатот на легални пари во домашната економија, заслужува внимание. Но, треба и да биде крајно внимателен да не се претвори државата во „пералница“ на валкани пари од нелегални бизниси, како и од трговија со дрога и тероризам

ОД ДРУГ АГОЛ
Повикот на американската амбасадорка Кејт Брнз, политичките ни партии да се обединат околу два клучни предизвици со кои се соочуваме – борбата против ковид-19 и реформите за членство во ЕУ, звучи фино и логично, но за нас неостварливо. Оти кога би се обединиле со таа цел, би ја изгубиле смислата на своето постоење

- Advertisements -

СЛУЧАЈ „ЕУРОСТАНДАРД БАНКА“
Во извештајот, во се наведени фирмите кои земале кредити, а не ги вратиле има една фирма на братот на премиерот, Вице Заев како и еден куп други струмички фирми, компании поврзани со опозиционерот Христијан Мицкоски и со Сашо Мијалков.

АЛАРМАНТНИ СТАТИСТИКИ ЗА БОЛНИ ОД КАНЦЕР
„Фокус“ располага со обемна документација за сите заболени и починати од рак за 2019 година, односно во кои градови колку заболеле, а колку починале, како се движат бројките по региони, колку бебиња, деца и возрасни се „жртви“ на ова страшно заболување?

ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ВАЛКАНИ ПАРИ?!
Владата шокираше со идеја со која безмалку се дозволува да се легализираат сомнителните пари, кои се надвор од системот. Проценките се дека „под перница“ има до 2 милијарди евра, кои државата е спремна да ги испере за само 10 отсто оданочување!

ДРАГИ ЃОРГИЕВ: ПОЛИТИЧАРИТЕ ЈА ИЗМЕСТИЈА УЛОГАТА НА КОМИСИЈАТА  СО ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКИ ИЗЈАВИ
Нема да има никакво попуштање на бугарските максималистички барања околу националниот идентитет е дециден  македонскиот историчар Ѓоргиев, копретседавач на заедничката бугарско-македонска  историска комисија. Сепак, тој  предупредува дека на историската комисија и се дава многу поголема улога отколку што првично било планирано. Тој во разговорот за „Фокус“  потсетува дека се работи за експертско и политички независно тело на кое со замена на тези му беше наметнато да носи политички одлуки.

КОРОНА-КРИЗАТА И КНИГИТЕ
На социјалните мрежи актуелни се книжевните групи, во кои се предлагаат и анализираат романи од секој жанр. Луѓето најдоа начин да се дружат и да разговараат на заеднички теми, а книгата на најдобар можен начин ги спојува во виртуелната реалност

ДРЕСИРАЊЕ НА ПОЛИТИЧАРИ
Дури и ако партијата на власт е твојот најсакан миленик, зошто би сакал опозицијата да пропадне? Ако, пак, сакаш да ја видиш опозициската партија на власт, зошто би сакал по доаѓањето на власт да ја сотре сегашната владејачка партија, а идна опозиција?

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Зоран Заев, чие што презиме стои зад огромен број на лиценцирани одгледувачи на марихуана, по пропаста на идејата за извоз и дил со Биг Мајк, сега сака домашен пласман на тоа што му остана од дрогата за рекреативни цели.

Ана ПАНОВСКА
Ако опозицијата од петни жили опиња да го сопре функционирањето на државата, има некои други што се уште позаинтересирани таквото нешто да не го допуштат, и тоа од петни жили – и решиле државните институции да функционираат со полн капацитет, па нека е тоа и онлајн

Стојан АНДОВ
Сите водачи на источноевропските земји коленичеа пред Сталин, само Тито имаше сила да му каже – не. Кога ја организира бугарската војска, Сталин се закануваше и со агресија на Југославија од Бугарија, Романија и Унгарија.

Арбен ТАРАВАРИ
Државата, наместо да ги затвори овие училници и целосно да ја прекине наставата додека не се стабилизира ситуацијата, таа ја ангажира војската. Зошто, конечно, не издаде наредба за целосно затворање на сите училишни циклуси?!?

Јован ДЕСПОТОВСКИ
Во Македонија денес имаме едно широко поле на (полу)отворен судир меѓу рационалното, практичното, корисното со „системот“, „навиките“ и „процедурите“. Судир во кој жртва се токму граѓаните, кои, всушност, се работодавци на „системот“