1304

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
И додека нашиот јунак Грујо се луксузира, џогира покрај „лепом плавом Дунаву“, се дружи со унгарскиот џет-сет и повремено прима пријатели од „стариот крај“, наплатата на сметките дојде кај неговите најблиски соработници. За тоа се повеќе стануваат свесни и тие што слепо ги извршуваа партиските наредби на својот шеф-бегалец

СТО СТАПА ПО ТУЃ ГРБ НЕ БОЛАТ
Сега и за сдсмовците да се тужи за клевета опозициски функционер станува нормална ствар. Кога тие, пак, беа опозиција, реагираа како сега Николовски. Не, не мислам дека во случајот „Рекет“ Заев е на врвот на пирамидата, но сум противник на тужбите за клевета меѓу политичари,

„ЗМИСКО ОКО“ ПО ТРЕТПАТ ПРЕД АПЕЛАЦИЈА
По 14 години судење, обвинетите во „Змиско око“ тврдат дека се осудени на претпоставка, односно и на третото судење не била докажана штета на буџетот! Мотивот, пак, го гледаат во тоа што, доколку по децениска судска голгота, беа прогласени за невини, државата ќе требаше да им исплати милионска штета

ДИВОГРАДБИ НА MATKA
Десет дена откако Антикорупциска побара кривична одговорност за градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети за дивоградбите на Матка, тој донел решенија со кои ги одбива барањата за легализација на дивите платформи во ова заштитено подрачје. JO истражува има ли вина кај градителите на спорните платформи

СЛУЧАЈ „ДЕТСКА КЛИНИКА“
„Фокус“ успеа да ја добие и целата статистика на хоспитализирани и починати деца во последните четири години, поточно од 2016 година досега вкупнo 294 деца починале на Детската клиника. Во целата оваа приказна не станува само збор за тешко болни деца,туку, како што тврдат лекарите, се работи за системска грешка во самиот сектор

ОМБУДСМАНОТ ПОД ЛУПА НА ДКСК
Пред истекот на мандатот на Народниот правобранител, невладините предупредуваат изборот да биде надвор од партиските пазарења, а додека Мемети ги брои последните денови од мандатот, во Антикорупциска стигна пријава во која се бара преиспитување на неговата работа

СУДИР НА ЕРМЕНИЈА И АЗЕРБЕЈЏАН
Проблемот е што се прави штета на два соседни народа за големите сили да ги дефокусираат нивните граѓани од домашните проблеми и случувања. Русија, веројатно нема директно да интервенира во одбрана на традиционалниот сојузник Ерменија, но на долг рок оваа мала држава има и средства и начин да се заштити себеси.

ЛОГИКА НА ПРОСТУВАЊЕТО
Гордана Јанкулоска откако ја спроведоа во затвор стана пандан на Ќосето (и обајцата биле дел од репресивниот апарат на ВМРО), а Даниела Рангелова му доаѓа нешто како Триумфалната капија, декоративен елемент, кој иако на прв поглед делува нелогично и бесмислено, сепак никому реално не му прави штета, и со тек на време човек се навикнува на него

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Многу се јасни и анксиозноста, стравот, лутината, загриженоста на Вилма. Но, тие не ѝ се предизвикани од партискиот спот на ВМРО-ДПМНЕ. Сите овие симптоми ѝ се од Зоран Заев. ТОЈ излегува со изјави за УВИД во нејзините предмети, а таа мора да одмолчи, од каде Заев знае дали нема докази за отворени постапки, му дала пристап?

Ана ПАНОВСКА
Сегашнава повампирена големобугарска држава се заканува дека ќе нè спречела да ги почнеме преговорите со ЕУ. Таква сила Бугарија имала само кога била фашистичка. Многу нејзини апетити во минатото не ѝ поминувале ниту овде, ниту кај европските сили. Многу е „осетлива и слаба“ кон Македонија и Македонците…

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Речиси три децении имиџoт на државата е тажно неизвесен и бескрајно искривоколчен од “дрн дрн јарина” на македонските политиканти, кои ја цепкаат државата по етничка основа

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Бугарските тези за Македонците како дел од бугарскиот народ и за македонскиот јазик како западен бугарски дијалект, замислете во 21 век, ги прави смешни и ги сведува на ниво на национален пубертет

Мерсел БИЉАЛИ
Во проекцијата за  пост-трамповата ера за нашиот регион, ќе нема место за корумпирани режими и партиски лидери, поради тоа што со толерирањето корумпирани лидери се создава омраза на домашното население кон САД, со што долгорочно ќе им наштети на природното зближување.

Стојан АНДОВ
Сегашниот принцип, според кој за премиер и за член во влада може да биде избран само личност која не е пратеник, извршната власт ја дава во рацете на луѓе чија поддршка ни директно ни индиректно не е искажана.