1303

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Сѐ додека „одговорноста“ не стане опиплива категорија и начин на однесување, а не само мисловна именка, работите нема да се менуваат. Зар треба уште да ни биде оправдување дека ова е Балкан и не сме виновни ние, туку „петстоте години турско ропство“

ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ПАРТИСКИ ВКУС
Ако  судскиот процес „Тенк“ е зашто тендерот бил спроведен за да нема конкуренција, преку фаворизирање на техничките спецификации на „мерцедесот“, колку ли „тенкови“ се кријат во набавките на  392 нови возила за времето на претходната влада на Заев, од кои дури во 71 отсто од тендерите имало само по една понуда

И ВЛАТКО МИЈАЛКОВ ОФИЦИЈАЛНО СТАНАЛ БИЗНИСМЕН
Помалиот брат на Сашо Мијалков и братучед на Никола Груевски, по повлекувањето од македонската Царина, се вработи во приватна фирма, но основал и сопствена компанија. „Фокус“ открива мрежа од над 20 компании, меѓусебно поврзани преку заеднички сопственици, управители и/или адреси.

СКОПСКАТА ДЕТСКА КЛИНИКА ПРЕД КОЛАПС?
Во последните месеци на Клиниката за детски болести починале 47 бебиња и деца, од кои само 33 се на Одделот за интензивна нега и терапија. На клиниката се примаат потешки случаи на заболени деца, но дел од нив, за време на лекувањето и болничкиот третман, фатиле инфекции и сепса. Овие бројки се уште пострашни, бидејќи за време на Ковид 19 се хоспитализираат многу помалку деца.

АНА ПАВЛОВСКА ДАНЕВА: АКО НЕ ЗАПРАТ НЕПОТРЕБНИТЕ ВРАБОТУВАЊА, ЌЕ ПРОПАДНЕМЕ СИТЕ
Резервоарот на „разочарано гласачко тело“ кај поголемите политички партии е во пораст, наспроти оној што го нарекуваме „лојално гласачко тело“. Време е да го напуштиме популизмот и да запрат непотребните вработувања, порачува во интервју за „Фокус“, универзитетската професорка по управно право и национален претставник во ГРЕКО, Ана Павловска-Данева

ЌЕ ИМА ЛИ ИСТРАГА ЗА „СКОПЈЕ  2014“
Од мегаломанскиот проект „Скопје 2014“ се истражувал само делот за спомениците, тежок над 33 милиони евра. Обвинителството сѐ уште се дума дали да даде зелено светло, иако предистрагата укажувала на преплатени споменици, за дури 10 пати, дебели провизии и вмешаност на десетина поранешни функционери

СОФИСКИ ПРЕЧКИ НА ПАТОТ КОН ЕУ
Неофицијално постои оптимизам дека, сепак, Бугарија нема да влијае врз напредокот на Македонија на патот кон ЕУ, но ако се суди според содржината на софискиот-антимакедонски меморандум испратен до Брисел, ниедно сценарио не е исклучено.

ПОЛИТИКАТА КАКО ФИТНЕС
На нашава земја ѝ треба, не само силна власт, која ќе може да прави реформи, туку и силна опозиција, која ќе ја спречува власта да се обиде да забега, силни институции, силно судство, силни медиуми, силни приватни компании, силни граѓански организации, силни верски, културни и образовни структури, силен народ накусо

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Стигна потврда од Босилово за „Фабриката за крими-легализација“. Дали сите инволвирани свесно влегле во приказната со некакво уверување дека за тоа бил запознаен и дал „амин“ лично Зоран Заев?

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Пирамидата на власта во која се марионетите за исполнување на нарачките има повеќе нивоа или ешалони, а нејзиниот врв се наоѓа на булеварот Илинден број 2 во Скопје, но актерите на марионетската есенција се конспиративни и тешко се разобликуваат.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Бугарските тези за Македонците како дел од бугарскиот народ и за македонскиот јазик како западен бугарски дијалект, замислете во 21 век, ги прави смешни и ги сведува на ниво на национален пубертет

Мила ЦАРОВСКА
Од опозицијата и не очекував заинтересираност и желба да ги променат работите во образовните процеси, бидејќи имаа таква можност повеќе од една деценија, но, освен фијаско, не понудија ништо суштинско.

Стојан АНДОВ
Ако ние така рано, како Словенците, уште во рамките на еднопартискиот систем, почневме да работиме на Уставот, да донесувавме некои мали, но многу важни промени, веројатно и денес ќе имавме подобар Устав од овој што го имаме.

Јанаки МИТРОВСКИ
Не можам да се согласам дека во 2020 година, кога сите етнички заедници се интегрирани, постои дискриминација. Но, очигледно националистичките теми се пожелни за нашите политичари, сѐ додека не се освестиме дека нема наши и ваши, леви и десни, туку владејачи и владеани