1305

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
По пропаста на СЈО, антикорупционерите станаа новата „ѕвезда“ на македонското политичко небо, од кое се очекуваше да открие криминал од големи размери. Но, засега гледаме повеќе помпа, отколку видливи резултати. Не дека ДКСК не работи, но впечатокот е дека повеќе се занимаваат со непотизам и конфликт на интереси  на некој член на општински совет, отколку со носители на највисоките функции во државата

ПРИСЛУШНИ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ
Иако биле незаконски прислушувани, политичарите по правило не бараат оштета. А кога тужат за клевета тогаш наведуваат дека парите ќе ги донираат. Ма не им е до парите, туку од хуманитарни соображенија тргнале во клеветнички судски поход. Лицемерно

ПОРТРЕТ: ВЕНКО ФИЛИПЧЕ
Како министерот, од човек со неколку афери со милионски суми на тендери и кој чекаше да биде сменет од министерската позиција, одеднаш  со пандемијата на Ковид 19 стана главна политичка ѕвезда во државава?

ВИСОКИ БОНУСИ, НИЗОК РЕЈТИНГ
Додека обвинителите од СЈО чекаат да заврши конкурсот за да бидат дел од Обвинителството со кое раководи Русковска,ревизорите  го објавија извештајот во кој утврдиле дека во СЈО незаконски се делеле бонуси. Дали високите бонуси ги „лизнаа“ на патот кон Обвинителството или Русковска ги држи подалеку од своја територија?

АБОЛИЦИЈАТА НА ИВАНОВ НА ТЕСТ
Судот за човекови права во Стразбур прифати 10 апликации на екс функционери од ВМРО-ДПМНЕ, кои спасот од кривичниот прогон го бараат во аболицијата на Иванов од 2016 година. На потег е Министерството за правда, кое треба да го убеди судот дека аболицијата е шашава и не функционира!

БИТКА ЗА ТРОНОТ НА ВМРО-ДПМНЕ
Иницијативниот одбор за промени во ВМРО-ДПМНЕ, зад кој се смета дека стои Сашо Мијалков, чека да завршат предвремените локални избори во Штип, за да свика вонреден Конгрес за смена на лидерот Христијан Мицкоски. Но, од партиското раководство околу Мицкоски велат дека засега нема да има никаков Конгрес, а ако има – ќе има нови делегати.

СЕРГЕЈ АНДРЕЕВСКИ: ТАТКО МИ НЕМА УЛИЦА СО НЕГОВОТО ИМЕ, А НАЈМНОГУ ГО ЦИТИРААТ ВО СОБРАНИЕТО!
Великанот на македонската книжевност, Петре М. Андреевски, по 14 години од неговата смрт ќе добие спомен-соба во родната Слоештица.

ПОЛИТИЧКИ ПОЖАРНИКАРИ И ПИРОМАНИ
Спорот со Бугарија трае и е замрзнат со децении, и баш сега најде Бојко да го подгрева. Етничките тензии кај нас траат исто со децении, и секогаш се актуализираат кога треба да се оттргне вниманието на јавноста од некоја друга тема на која политичарите се безидејни.

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Во април владата на Министерството за образование му скрати вкупно 612.547.000 денари или 10.000.000 евра, а префрлија пари на верските факултети. Е сега не работела „платформата“ на Бирото и ФИНКИ? Зашто и да работи, ете ја платформата од верските факултети

Ана ПАНОВСКА
Кога власта нема да владее и кога се однесува како невладина организација, на таква власт баш ѝ стојат зборовите: Немаме надлежност, законот не ограничува, немаме овластување…Тогаш навистина сè ќе зависи или од свеста на луѓето или од волјата на подземјето кое знае како да владее

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ-
Економската криза стана своевиден бренд, но и алиби за владејачките гарнитури, а „храна“ за опозицијата за преземање на власта во манирот „колку полошо за државата, толку поарно за нас“

АРБЕН ТАРАВАРИ
Луѓето ја напуштаат земјата токму поради демократурата што одбива да замине. Токму поради тоа што во овој систем можеш да избереш – или да бидеш пријател на власта, што некои го изедначуваат со робувањето, или да бидеш против, што е еднакво на непријател. Или, трето, да бидеш емигрант

Стојан АНДОВ
При секое доаѓање на власт на друга политичка партија, делумно се заменуваат еден број државни службеници, им се наоѓа некоја маана за да ги избркаат, или се измислуваат додатни административни единици, што ја зголемуваат бројноста на администрацијата

 Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Длабоко сум убеден дека нема потреба од “реформи“ во судството за “институциите на системот“ да се справат со судиите и обвинителите кои покренуваат обвиненија и донесуваат пресуди за пари, или пак за други статусни и материјални придобивки. За таквите судии и обвинители се потребни кривично – правни санкции