1144

by fokus

„ЦРН БУМБАР“ ЗА ГРУЈЧИЊАТА И ЗА НИВНИТЕ РОДИТЕЛИ
Се онесвестува дете додека пастирот држи говор за стоте дена нова влада, а грујчињата повеќе фокусирани да не го пореметат настапот на лидерот. Фаците нивни додека гледаат дека нивен сопартиец се онесвестува, ама тие војнички се свртуваат кон говорникот, ме порази до даска. Како ги воспитувале нивните родители?

СЕ ТОКМИ КОМПРОМИС ЗА ИМЕТО!
До јуни идната година, до самитот на НАТО, меѓународните тешкаши готват компромис за името. Според добро информирани странски извори, веќе се работи и на нова спогодба меѓу Македонија и Грција, слична на македонско-бугарскиот Договор за пријателство и добрососедство

ЛОКАЛНИ ИЗБОРНИ КОМБИНАТОРИКИ
Сите партии, независно дали се коалициски партнери или лути противници, ќе водат свои битки во првиот изборен круг на локалните избори, додека евентуалната соработка ја оставаат за вториот изборен круг. Тоа отвора простор за политички пазар, што на крајот би можело да исцрта шарена изборна мапа

СТРАТЕГИЈА ЗА РЕФОРМИ ВО СУДСТВОТО
Според Стратегијата за реформи во судството што ја подготвува експертски тим, до која дојде „Фокус“ нема да се случи генерален реизбор на судии, туку најмногу ќе се „удри“ по Судскиот совет чии членови буквално се заштитени мечки. Наскоро и тие ќе го изгубат комфорот, зашто Собранието ќе има можност да ги разреши

РОБИН ХУД ВО ЗЕМЈАТА НА СИРОМАШНИТЕ
Поради сѐ поголемиот јаз помеѓу богатите и сиромашните, новата влада има намера да го укине рамниот данок и да воведе прогресивно оданочување, што предизвикува спротивставени мислења во јавноста и револт кај бизнис-заедницата. Ќе „краде“ ли Робин худ од средната класа, немајќи од кого?

НОВАТА ВЛАДА ВО ОГЛЕДАЛО
Внимателно со слободата! Навикнатите на ропство, клиентелизам, партиско вработување во државната администрација, товените со сендвичи на партиски митинзи, задоените со античко млеко и наци-популизам, вежбаните на нишање врата и земање плата, не ја сакаат слободата. Тие се плашат од неа

АЛАРМ НА ГИНЕКОЛОГИЈА – ФАЛАТ ИНКУБАТОРИ!
Одделот за интензивна нега на Клиниката за гинекологија каде што се сместени предвреме родените бебиња располага со 22 инкубатори, што не е доволно за во нив да бидат сместени сите предвремено родени бебиња, бидејќи бројот на недоносени е 55 новороденчиња месечно. Тоа го загрозува животот на предвремено родените бебиња, чија смртност изминатите години вртоглаво расте

ЧЕТИРИ МОЖНИ ИСХОДИ ОД ЛОКАЛНИТЕ
Ако сакаме конечно да ѝ ставиме крај на политичката криза – од тоа петто сценарио, кога ќе изгубат и двете партии, ама ќе победат граѓаните – нема подобар начин. Дури тогаш локалните избори ќе бидат најисториските избори одржани до сега во Македонија

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Прес-конференцијата на Коѕиас во Македонија ги врати надежите кај Македонците дека престанува мрачното лутање, кое ја доведе земјата на прагот на неврат. Општиот тон во неговото излагање содржеше иста нота, која пред него ја препознавме во неколкуте излагања на бугарскиот премиер Бојко Борисов. И двете се дел од заедничката евроатлантска платформа

Ерол РИЗАОВ
Македонските политички елити не само што не ги забрзаа историските процеси во најдолгата и најмачна транзиција во споредба со соседните земји по падот на комунизмот, туку во изминатите две и пол децении, посветувајќи се исклучиво на своите битки за власт, пари и слава, ја водеа државата во погрешна насока

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Локалните градоначалници, определувајќи се за распишување референдум на денот на локалните избори, всушност сакаат да ја покажат и докажат својата лојалност кон „лидерот“. Зошто, нели, негова е паролата: да се држиме сите заедно, за да не висиме секој одделно

Ана ПАНОВСКА
Место бетонот да го стават во „палатите“, тие го ставија во галиите. Не случајно. Бетонските галии се симболот на давењето на Македонија, каменот околу вратот, кој ВМРО-ДПМНЕ со умисла ѝ го врза за да потоне на дното и никогаш да не подаде глава