1143

by fokus

ЗАЕВ ЌЕ ДОСЕЛИ МАРСОВЦИ ВО МАКЕДОНИЈА
Друже Заев, додека е Груевски шеф на опозициската парада, Ти си во предност. Лошо е по Македонија, деструктивноста им ќе нѐ блокира како држава, ама добро е за Твојата кауза. Нивната психопатологија секогаш повеќе ќе нѐ дразни од Твоите проекти. Тоа не е добро за демократијата, ама траумите од единаестте години груевизам не се забораваат не за три месеци, ни за три години.

МИЈАЛКОВ ВО ОПОЗИЦИЈА, СГС КЕШИРА
Агенцијата за обезбедување СГС блиска до Сашо Мијалков во последните неколку години добила 76 државни тендери или бизнис тежок над 25 милиони евра. СГС со години ги добива тендерите за обезбедување на Телеком, МЕПСО, АЕК, ЕЛЕМ, ЕВН, Археолошкиот музеј, Музејот на ВМРО, на општините, училиштата, болниците

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: НА ФАМИЛИЈАТА ДА Ѝ СЕ ОДЗЕМАТ ФИРМИТЕ ШТО НАСИЛНО ГИ ГРАБНА
Поранешниот претседателски кандидат и пратеник, Стево Пендаровски, за првпат по речиси девет месеци отсуство од јавноста, во интервју за „Фокус“ говори за причините за својот досегашен молк во медиумите и во парламентот, за својот иден политички ангажман, како и за крупните политички теми со кои се соочува новата власт

НЕПОЗНАТИ ГРАДИТЕЛИ
Словенечката групација „ЕРА“ долго најавуваше дека кај Скопскиот саем ќе гради трговски комплекс. Во меѓувреме, загуби најголем дел од земјиштето, па делот предвиден за трговски центар доби нов сопственик. Станува збор за непозната бугарска фирма која треба да го реализира проектот за изградба на таканаречен „град во град“

„ЗМИСКА“ ГОЛГОТА
Речиси и да нема човек кој не ја памети акцијата „Змиско око“, во која на спектакуларен начин беа уапсени 72 инкасанти од патарините. Но, денес ретко кој знае дека овој случај не е завршен, бидејќи и по десет години никако не може да се докаже вината на обвинетите, кои станаа жртви на поранешниот режим

ПА ШТО АКО СЕ СТО ДЕНА ВЛАДА?
Бројката од 20 отсто е како и стоте дена, како и седмата сила и четвртата власт, сосема небитна бројка. Еве, да речеме дека се направил попис и Албанците во Скопје се избројани нешто под прагот дефиниран во Рамковниот. Сериозно ли некој верува дека во таков случај правата ќе им бидат укинати?

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Убеден сум дека и Србија ќе има корист од доследното остварување на политиката на Заев во Македонија. Први знаци за тоа веќе постојат. Имено, Заев само три дена беше „Шиптар“, а потоа стана ценет соговорник на Вучиќ. Кога ќе размисли човек малку на подолг рок, ќе дојде до заклучок дека оваа битка Заев ја води и за Вучиќ, за тој да го најде вистинскиот пат и да издржи

Ерол РИЗАОВ
ВМРО-ДПМНЕ јаваше врз грбот на граѓаните цели 11 години, сѐ додека тој што стои на столбот малку не го потргна пердето од очите и не виде дека Груевски лаже. Поразот на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ е клучот за решавање на сите приоритети и стратегиски интереси на земјата

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Просто е неверојатно како дозволивме еден алчен човек да им го уништува животот на илјадници луѓе. Добро е што поголемиот дел од тоа зло е веќе минато, но жално е што тоа зло сè уште бара начини да се претставува како светла иднина

Ана ПАНОВСКА
Со неколкуте потези што ги изведе Заев, сфатив дека токму тој ја пронашол техниката! Онаа умешност што недостасуваше кај сите политичари што се обидуваа да му се спротивстават на ВМРО-ДПМНЕ, кое не можеше да се фати ни за врат, ни за опашка. Заев е на пат целосно да успее во тоа

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Премиерот сигурно има предвид дека погубна би била праксата на неговите претходници на вулгарна партизација. Во таков случај, неминовно повторно ќе се генерира нова мафијашка структура облечена во власт која ќе репродуцира нови хохштаплери од 24 карати