1145

by fokus

(НЕ)МОРАЛНИ ЗАКОНИ
Учинокот на владиниот тим е рано да се оценува, но постојано мора да се проценува. Сто дена би требало да се солиден рок и премиерот да оцени кои се слабите играчи во неговиот тим. Штом најави ангажман на Жерновски во централната власт, во дилема сум дали планира мини-реконструкција по изборите!? Тоа, пак, што Андреј преминува во СДСМ, ме потсети на сличниот трансфер на Стефчо Јакимовски, кога Бранко му ја даде и скопската организација

ВОСКРЕСЕНИЕ НА АБОЛИЦИЈАТА
Во приговорите на одбраната за 17 обвиненија што ги поднесе СЈО против Фамилијата, речиси сите осомничени се повикале на аболицијата на претседателот Иванов, иако таа подоцна беше поништена. Постои ли реална можност судот да прифати дека поништувањето било незаконско а тие да куртулат од кривичен прогон?

СТРУЕН УДАР ВО ВЛАДАТА
Причината за учеството на бизнисменот Анѓушев во владата е со своето знаењеи менаџерски способности да и помогне на државата, да го забрза економскиот и енергетскиот развој на Македонија, при што изразил спремност на огромни жртви. Тоа, пак, подразбира оти е спремен да жртвува и дел од сопствениот бизнис за успех во политиката. Спремен ли е?

ЛУСТРАЦИЈА СПОРЕД ВМРОВСКИ ТЕРК
Две години по завршувањето на контроверзната лустрација, и формално престана да постои Лустрациската комисија. Податокот дека Управниот суд поништи најголем број од решенијата на лустраторите, покажува колку овој процес бил селективен, неправен, незаконски и неуставен, додека истовремено беа заштитени многумина докажани соработници на тајните служби 

ВЛАДИЦИ ВО СЛУЖБА НА ФАМИЛИЈАТА
Повардарскиот владика Агатангел и митрополитот преспанско-пелагониски Петар го заземаат главното место на листата архиереји на МПЦ кои во последните неколку години, покрај црковната водат и политичка, партиска агенда. Тие редовно одат на партиски митинзи, бранат насилници и ги напаѓаат замислените предавници на државата

КАКО ДО РЕСТАРТ НА СИСТЕМОТ
Доколку ниту еден од понудените кандидати и советнички листи не те „очарува“, не седи дома. Оди на гласање. Нацртај некој безобразен орган или симбол. Пречкртај ги сите броеви, сите имиња, сеедно. Твоето ливче ќе биде неважечко, ама само на прв поглед, оти на втор поглед ќе биде ептен важечко

Колумнисти: 

Стојан АНДОВ
Не може да се каже дека неуспехот на економијата во второто тримесечие од оваа година се должи на работата на новата влада, но неопходно е владата на Заев да не го премолчува тој факт, туку сериозно да се зафати да обезбеди заживување на порастот на економијата

Ана ПАНОВСКА
Кога повикувам на нефер и валкана игра на СДСМ, не мислам на методи кои се надвор од законот. Но, сите ќе се согласите дека законски е, на пример, да се пуштат инспекции од секаков тип, почнувајќи од фирмите на фамилијата на пратеникот Муковски, па сè до разните сители, канали, нови и алфи

Д-р Денко МАЛЕСКИ
Меѓу членовите на новоформираните комисии за демократски реформи препознавам и такви кои ни ги претворија сите претходни години во една долга ноќ на одвратност и револт. Тие не можат да зборуваат во мое име и во име на победниците на идејата на слободата

Ерол РИЗАОВ
Ни се заканува библиска поплава, не од надојдени води и ветрови, туку од живи луѓе. Тоа ќе биде катастрофична глетка како изнамачени луѓе, дечиња и старци стојат пред високите бодликави жици на македонскиот концентрационен логор, во кој не сакаат да живеат ни Македонците

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Нивното однесување укажува дека многу им се усладило месото од бизони, гаќите од „Викторија сикрет“, патувањата по светот и уживањето со народни пари. Без трошка срам трошеле. Дури и нивните љубовници ги поеле и облекувале со парите од граѓаните. И како ништо да не било! Делат морал на сите страни

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Неопходно е новата реформска влада да иницира Закон за определување посебни услови за вршење јавна функција со кој ќе се врши проверка дали кандидатот се стекнал со противправна имотна корист, дали има врски со криминални структури и дали е професионално оспособен за функцијата