ФАТИ ЛИ ДПМНЕ ПОЛИТИЧКА СИДА?
Ме јаде јанѕа што ли болните умови ќе смислат во наредниве денови. Особено во ваква разулавена состојба, со дијагноза од загрижувачки степен. Ќе го разиграат заспаниот Иванов повторно со опасни сценарија или ќе се прослави Уставниот суд со „казна“ за СЈО? Ќе уапсат ли спектакуларно чавковци едикојси „предавник“? До нив не допира гласот на разумот, ама во постбомбашкиот период ниту една будалштина не ги воскресна од гревовите, туку само го засили бројчено злосторничкото здружение со нови камикази
ПРОГЛАС ДО ПАСТИРОТ
Море, не само што Трамп со тебе нема да се занимава, туку е прашање дали ќе чуе за тебе, а ако чуе, ич нема да му чуе. Ти си специјален случај, другарче, ама за Европа, а не за САД. Тебе Трамп ќе те остави на Меркел, а и таа нема да си ги валка рацете, туку ќе те префрли на Вучиќ за да те реши. Оти тебе само Белград може да те реши!
СУДОТ КОНТРА СЈО
Покрај блокадите кои СЈО ги добива од Кривичниот суд од неодамна се соочи и со блокада на судењата. Обвинителките подготвија обвиненија за три случаи, но уште пред нивниот старт, судијките им ги преполовија доказите. Целта е да се отфрлат што е можно повеќе докази на СЈО и да се одложува до недоглед стартот на рочиштата
ПАТОТ НА ПАРИТЕ
Ако меѓу донаторите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ има исклучиво физички лица, меѓу кои партиски и јавни функционери, тогаш кај ДУИ може да се сретнат и неколку компании, кои во минатото добивале тендери. Она што е заеднички за сите политички субјекти, потрошиле повеќе пари отколку што собрале од донатори
КАДЕ ИСЧЕЗНА ХУМАНОСТА?
Во период на гнев и револт, кога детски живот е во прашање, социјалните мрежи вријат од обвинувања на адреса на државата и локалните власти кои фрлаат од 5 до 10 милиони евра за барокни згради, споменици, фонтани или, пак, носат пејачи од соседните држави за 50 до 80 илјади евра за новогодишни прослави
ГЕРМАНСКИ КАРАМБОЛ
Македонските дозволи не важат во Германија зашто немаме возачка култура. Македонците повеќе од 10 години се во германската чекалница за возачка дозвола, а македонската власт расфрла ветувања, само за лов на гласови во време на избори
ПЕКОЛ ЗА ПОЛИТИЧАРИТЕ, РАЈ ЗА ГРАЃАНИТЕ
Ако поразот во Битола не го освести Грујо, ако катастрофата во Карпош не го освести Стевчо, ако бламажата во Чаир не го освести Ахмети, ако заостанувањето за 15 илјади гласови не го освести Заев, тогаш црно им се пишува на сите споменати „крупни“ политички играчи
Колумнисти:
Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Во тие неколку постизборни денови и ноќи, НГ покажа и докажа дека е директна закана за животот, демократијата и цивилизациските вредности на граѓаните на Македонија. Покажа и докажа дека е „диво месо“, неприроден израсток врз здравото ткиво на македонскиот народ
Ана ПАНОВСКА
Премрзнатите вмровски протестирачи го сослушаа „историскиот проглас“ на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Пијана работа! Трезни луѓе, па уште и луѓе на високи функции: министри, директори, претставници на „верски“ комисии и, згора на тоа, и самиот водач не ќе ѝ се закануваа на опозицијата
Рамадан РАМАДАНИ
Ни земјата, ни граѓаните нема да станат побогати ако го нема Сорос во Македонија, но сигурно ќе се офајдат ако се смени нешто во купените работи од Кондоминас – луѓе или имоти. Преку американските судови или домашни, сеедно