1106

by fokus

ИДНИНАТА НА ГРУЕВСКИ – ШОТА ИЛИ ШУТКА!?
И сега, „шу праиме“? Со кого ќе прави коалиција од албанските фактори? Колку му тече низ ногавици да не заврши како потстанар во Идризово, верувам дека Груевски ќе прифати и федерализација, море и еднојазичност, сал на албански да се зборува, само да остане ДПМНЕ- хејтерска на власт. Ма, и сунет гратис согласно закон. Со тоа што неговите мегафони тоа ќе го претстават или како јакнење на унитарноста (да, тие од белото црно прават) или како неизбежен чекор за спас од Заев. Поточно, позицијата на ДПМНЕ е угоре високо, удолу длабоко.

ГОРЧЛИВА ПОБЕДА
Откако пастирот падна во политичка и кривично-правна кома, сега, според резултатите од изборите, јасно е дека е вклучен на албанофобни национал-шовинистички апарати за дишење, чиј прекинувач, за негова несреќа, во рацете го држи токму неговиот потенцијален албански партнер – Али Ахмети

ПОМАЛКУ ПРАТЕНИЦИ, ПОГОЛЕМА МОЌ
Најнеизвесните избори досега предизвикаа големи раздвижувања во албанскиот блок. ДУИ повторно победи, но со двојно помалку гласови во споредба со претходните избори, а ДПА падна на политичките маргини. Вистинско изненадување е Беса, која сериозно се заканува да стане водечка албанска политичка сила

ДОВЕРЛИВИ АНКЕТИ
За првпат во Македонија, две медиумски куќи – независната Телма телевизија и независната ТВ „24 вести“ ги вложија својот углед и пари за спроведување предизборни анкети од кои ќе се дознае вистинското изборно расположение. И резултатите не изостанаа!

ВЕШТАЧКА ЕУФОРИЈА
Невропсихијатарот Мице Дудучки за „Фокус“ го анализира „победничкиот“ говор на Никола Груевски: субјективното чувство на дебакл поради нереализирање на желбата за 63 пратеници ја карактеризираше лажната еуфорија на Пировата победа, поточно чувството на доживеан пораз

НАМЕСТЕН ИЗБОР
Наскоро ќе биде познато дали доскорашниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, или судијата Иван Џолев, ќе седне на претседателското столче. Шпекулациите се дека Панчевски ќе добие уште еден мандат за да може да продолжи, како и досега, успешно да ја кочи работата на СЈО

КАТАСТРОФАЛНА ГРЕШКА
СДСМ мора да се избори за една изборна единица. Да го направеше тоа пред овие избори, сега Заев ќе се подготвуваше да биде премиер. Режимот ќе беше паднат, а Фамилијата во бегство. Би било рамно на катастрофа ако таа грешка не се исправи пред наредните парламентарни избори

 

Колумнисти:

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Изборните резултати недвосмислено покажаа дека политичката неизвесност и кризата во Македонија ќе продолжи, но дека, исто така, ќе продолжат и да се исцртуваат основните параметри на нејзината разрешница. Борбата продолжува и никој не може да ја забави или да ја сврти во друг правец

Ана ПАНОВСКА
ДПМНЕ мора да остане во широката политичка влада и има да учествува во своето сопствено погубување: во чистките во судството, обвинителството, државните институции, насекаде каде што го посеаја каколот, тоа отровно семе што не дава да има бериќет

Рамадан РАМАДАНИ
За Албанците нека не берат гајле. Тие се мајсторите на овие избори, гласале секаде најпрецизно: ем му помогнаа на СДСМ да биде победник, ем ДУИ ја урнисаа до толку што сега е пата-пата со другите албански партии, ем Тачи го нема веќе во ДПА бидејќи е поразен од Села, а извадија и сосема нова политичка партија – Беса