1108 – 1109

by fokus

„ТИТАНИК“ ТОНЕ, ДРЖАВАТА ЌЕ СЕ СПАСИ
Ако 2015 беше бомбашката година кога се победи стравот, а 2016 кога режимот не успеа да ја убие надежта, тогаш 2017 верувам дека ќе биде година на расплетот. Кога Титаник ќе биде симбол на распашаната криминална банда од ДПМНЕ што се дави, која додека бродот тонеше, уште танцуваше на звуците на оркестарот на Пастирот. Појасите за спасување од СЈО тогаш не ќе им бидат при рака!

ГРУЕВСКИ Ѝ ОБЈАВИ ВОЈНА НА МАКЕДОНИЈА, НО И НА ЕУ, НАТО И САД
Барем според календарот, и Република Македонија влезе во Новата Година. За целиот свет е 2017, за нас, за жал, само – 2007 година. Затоа, Среќна Нова 2007 година! Да, да, 10 години безмилосно и нам и на државата ни ги украде досегашната власт на Груевски и Ахмети. А ќе биде рамно на вистински подвиг – од Орвеловата „1984“ во која нѐ натераа да живееме последниве години, лесно и веднаш да се влезе во – 2017 година

НАЈХРАБРИ ЛИЧНОСТИ
На покусата листа на „Фокус“ на јавните личности кои со својот граѓански активизам и ангажман и дадоа посебен печат на годината што измина, има актуелни политичари, новинари, професори, музичари, пејачи, карикатуристи, но и анонимни личности кои се жестоки борци против режимот

СТОЛБ НА СРАМОТ
Меѓу „негативците“ за 2016 година кои заслужено си го заработија местото на столбот на срамот, покрај Ѓорѓе Иванов со скандалозната аболиција, водат судските „џелати“ од Основниот суд Скопје и Судскиот совет, партиските крстоносци и погребници на живи луѓе

ВЛАДА НА СДСМ
СДСМ треба да понуди јавен договор за формирање влада со сите партии кои ќе прифатат: продолжување на мандатот на СЈО, специјален суд, ребаланс на буџетот за 2017 заради рамномерен регионален развој, итно спроведување на реформите според Прибе и сите партии да учествуваат во подготовка на национална стратегија во разговорите за разликите околу името со Грција

ПОКРИВАЊЕ НА ТРАГИТЕ
Катица Јанева во еден ТВ настап изјави дека не успеале да пронајдат дел од избирачките списоци, потребни за „Титаник“. Од ДИК велат дека изборниот материјал од 2011 е уништен согласно закон, додека се уште се чува материјалот за изборите во 2013 и во 2014 година. За кои точно избори и гласачки места недостигаат списоците?

ШТО НЕ НАУЧИВМЕ ОД 2016?
Кои се вистинските победници од изборите? Многу е едноставно, тоа се партиите што ќе влезат во составот на новата влада. Толку. Целта на излегувањето на избори е да се дојде на власт. Ако дојдеш на власт, си победил, па макар имал само тројца пратеници

 

Колумнисти:

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Сега повеќе не може да се спаси НГ политичарот. Сè што остана и може да биде предмет на спасување е НГ човекот, ако такво нешто останало во него. Ако и тоа го уништи, тогаш не му останува ништо друго, туку да се збогува со самиот себе

Ана ПАНОВСКА
Ако направи добар избор, ако не саботира и уценува, Ахмети можеби и ќе ја извади партијата од кома. Ако, пак, продолжи љубовта со ВМРО-ДПМНЕ, брзиот крај на ДУИ е сосема извесен

Рамадан РАМАДАНИ
Со ваков преполовен но одлучувачки резултат, ДУИ која ги беше заглавила своите гласачи, за прв пат е и самата заглавена. Тие сега најмногу личат на ослободените робови од сцена на филмот „Џанго“, кои откако им се извадени оковите тие се уште стојат така вчудоневидени и не знаат што да прават