МММ ИЛИ МОРАЛНАТА МИЗЕРИЈА НА „МУДОСЕРИТЕ“
МММ ќе продолжи најагресивно со стратегијата ППП. Или, Моралната Мизерија на Мудросерите ќе продолжи турбо со нивната волшебна формула на Пари, Пендрек и Пропаганда. Тоа сега им се гледа како последен спас од судбината што ги чека. А ќе ги дочека, кај да е! Оти, што би рекле комшиите, „ничија није до зоре горела“! Еве и Мирка разбра дека „Груевски лаже како Бранко“!!!
СПЕЦИЈАЛЕН ОБВИНИТЕЛ
„Фокус“ анализира какви сѐ неизвесности, премрежја и опасности го очекуваат специјалниот обвинител кој треба да биде именуван на 15-ти септември, во битката да заживее правната држава и да се заштитат нарушените човекови права во Македонија
ЗОРАН ЗАЕВ: ДО НОВА ГОДИНА, ГРУЕВСКИ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА СВОИТЕ ЗЛОДЕЛА!
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во своето прво интервју по договорот од Пржино, за „Фокус“ изнесува детали од преговорите, зборува за очекувањата и за начините на кои ќе се демократизираат институциите, а клучната улога му ја дава на новиот специјален обвинител
СОМНИТЕЛНА СМРТ
Во последните неколку месеци, во фабриката „Дрекслмаер“ во Кавадарци, која произведува кабли за автомобилската индустрија починале две жени, а вработените велат дека нивниот број е поголем и се сомневаат дека причината за тоа може да е отров за глувци
ИМА ЧИН, НЕМА МАНДАТ
Тригодишниот мандат на генералот Горанчо Котески истече лани, но претседателот Иванов се уште не му доверил нов, односно не избрал нов началник на генералштабот на АРМ. Ова ги разгорува амбициите кај други генерали да дојдат до врвното место во војничката хиерархија
РЕБАЛАНС ЗА ПОТКУП
Оваа влада со години наназад не води фискална политика базирана на потребите за економски прогрес, туку единствено според потребите на избирачкиот список за да се поткупат сите категории граѓани
НОВА БОЛИВУДСКА СЕРИЈА
По Субрата Рој, пропаѓа уште една индиска инвестиција, која требаше да направи бум во образовниот сектор. Како што дознава „Фокус“, Индијците кои отворија градинка, а требаше да градат и универзитетски комплекс, почнале да ги пакуваат куферите
ПОУКИ ОД МИТОЛОГИЈАТА
Како што злобникот Диомед на крајот и самиот завршил како оброк за кобилите што ги хранел со човечко месо, така после сѐ, и Груевски ќе биде исплукан и напаѓан од тие што сега по негова наредба ги плукаат и ги напаѓаат со омраза, лаги и со пропаганда неговите противници
Колумнисти:
Стојан АНДОВ
Она што најмногу ги вознемирува и Груевски и целиот негов строј е специјалниот јавен обвинител. Со неговиот избор и со јасниот опис и попис на неговите задачи и овластувања настапува пресврт во решавањето на кризата
Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Логиката на полициското началство е дека стекнатата позиција во хиерархијата мора да се чува и брани со заби и нокти и да се напредува во кариерата до врвот на својата некомпетентност
Рамадан РАМАДАНИ
Којзнае уште колку пати вака ќе бидат фатени во синдромот играчка-плачка и колку тоа ќе нѐ чини нас, зашто очигледно е дека тие се низбрдо и дали ќе атерираат, спуштаат или ќе се тркалаат не зависи многу од нив, колку од нас