1035

by Фокус

ПИНГВИНИ НА ВАРДАР!
Покрај грандиозните лаѓи на матен Вардар, жалните врби, веселите палми, панаѓурскиот карусел, редно е Коце уште пингвини да увезе да шетаат по вардарските „плажи“. Ако удрија ретуш на историјата, оти да ја остават нечепната фауната. Пингвини, а богами може и кенгури да донесат.

ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК ДА ГО ПРОВЕРИ ДРЖАВАТА ОД ВРАТА ДО ВРАТА
Работната група што произлезе од политичкиот договор за надминување на политичката криза треба да утврди каков ќе биде составот на ДИК и нејзините надлежности, особено врз избирачкиот список, со цел фер и демократски избори. Засега, се вртат неколку варијанти за негово прочистување.

ИЗДИШАНА ПРОСЛАВА
Како што е редот, и оваа година се одбележа, ама не и прослави, големиот празник на Македонија – Илинден. Нескромно наречениот „Државeн врв“, кој последниве години стана „Врхушка на државата“се втурна во славењето на трите „гооолеми сенародни“ собири, на кои едвај да имаше три-четири илјади граѓани

ГРУЕВСКИ И ВМРО-ДПМНЕ ОТВОРИЈА ТОТАЛНА ВОЈНА СО КУМАНОВО
Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, повторно е во фокусот на јавноста поради информациите дека обвинителството против него води истрага за повеќе кривични дела во општината. Дамјановски за „Фокус“ вели дека станува збор за хајка, во која тој се чувствува како трофеен дивеч за отстрел

ТАЖНО МОРАЛНО ТОНЕЊЕ
Ако актуелната уредничка гарнитура во МРТВ го изневерила граѓанскиот интерес, си оди. Ако наредната повторно не продуцира информации, туку креира пропаганда без оглед во чија корист, си оди уште побргу. Така ќе се отвори процес во кој медиумите ќе бидат отворени за новинари, а не за пропагатори

„ЈУРА ПАРК“ ВО ЛИСИЧЕ
Во последните неколку години, во општина Аеродром се изградени девет луксузни паркови со езерца, водопади и гејзери. Во програмата за оваа година, планирана е изградба на уште еден нов парк  во Лисиче кој ќе се вика „Рајска градина“, а во него ќе има разни животни – срни, фазани, мајмуни…

ДЕВСТВЕНИ „ЕКОЛОШКИ БОМБИ“
За една година, до домовите на пробиштипјани треба да никне леарница, од фирма чиј основач доаѓа од Девствени Острови, каде што беше регистрирана и фирмата која стоеше зад проектот на рестартирање на топилницата во Велес

СЛУЧАЈ „МАКЕДОНИЈА ДРВО“
По 15 години судски процеси, судиите не можат да ги заштитат вистинските сопственици на „Македонија Дрво“, чии акции купил повратник од Шведска пред 18 години. Во ујдурмата се вмешани адвокати, нотари, судии, бизнисмени и политичари

НЕ ПОМАГА НИ ТЕРМИНАТОР
Токму затоа што Македонија не успеа да изгради силна економија во периодот до 2006-та, подемот на Груевски беше неизбежен. Прашање е само дали и неговиот пад ќе биде неизбежен, ако опозицијата повторно не понуди вистинска визија за економски развој

 

Колумнисти

Рамадан РАМАДАНИ
Искажувајќи сочуство за загинатите, да се надеваме и дека со секоја жртва, секој ден, сѐ повеќе од нас граѓаните ќе разбереме дека, освен што ние го воспоставуваме редот, ние сме и тие што треба да го одржуваме. И тоа токму затоа што сѐ токму нам ни се враќа! Со или без поплава

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Веќе неколку години далеку од очите на јавноста се случува еден нов невидлив и дискретен феномен во жаргонот наречен рејдерство, кој всушност претставува современа софистицирана шема за насилно преземање на туѓ имот во која учествуваат и полицајци