1032

by Фокус

ПАЃАЊЕ НА РАТИ
Она што е сега особено значајно е како и кој ќе ги менаџира обвиненијата против инволвираните министри и премиерот во „бомбите“, како и тоа како и кој ќе ги тера постапките против лидерот на опозицијата за „Пуч“. Со оглед на тоа што специјалниот обвинител ќе се бира со консензус на 4 те партии станува јасно дека политичкото тенчење на нервите во Македонија не завршува со Пржино.

ПОГОЛЕМИОТ БРАТ
Владеењето на Груевски и Фамилијата, со целата бандитска регионална мрежа дома, на Косово и во регионот, покажа дека Македонија е експозитура на криминалните интереси на српското подземје, кои гледано од Берлин и од Вашингтон, полесно се контролираат од Белград, отколку од Скопје

КРАЈОТ НА ГРУЕВСКИ СЕ НАСЕТУВА!
Во атмосфера на огромно исчекување, и дома и надвор, меѓународната „судиска екипа“ пред самиот крај пресуди два чудни и сомнителни пенали и на капитенот на екипата на власта му даде одложен „црвен картон“. Овој натпревар заврши. Засега, резултатот е нерешен. Наесен почнуваат реванш-натпреварите за да се знае конечниот победник.

ДЕЦЕНИСКА ЉУБОВ
Ѕинговите социјалисти не калкулираат и отворено стојат зад премиерот Груевски. Дали ваквиот став е принципиелен отпор кон „мрачните сили“, или е базиран на партиски, политички, финансиски и бизнис интереси?

БУЏЕТСКИ ОФ-ШОР ИНВЕСТИЦИИ
Владата на Груевски нетранспарентно троши пари за привлекување инвестиции од сомнителни оф-шор на дестинации, на товар на буџетот, додека домашните компании немаат пристап до поволни кредити

ТРОШАЏИИ  НА МАЈКА
Наместо да се занимава со постигнување пониски цени за телекомуникациските услуги што ги плаќаат граѓаните, од сметката на АЕК се извлекуваат милионски суми пари за потребите на владиниот и партиски пи-ар на ВМРО-ДПМНЕ

КАЈ ШТО ИМА СИЛА, НЕМА ПРАВДИНА
Зорица Лазаревска, порано вработена во МВР уште во далечната 2000 година открила дека високи полициски функционери краделе и по 1.000 литри гориво месечно. Но наместо да ги гонат тие што ги пријавила, МВР со години ја тормози службеничката која на крајот доби отказ

ГРАДБИ ВО ОЧАЈ
Дел од објектите „Скопје 2014“ за кои беа потрошени огромни суми, сега се во очајна состојба. Меѓу нив е Градската плажа кај Камени мост, која повеќе не функционира, проблеми има и мостот „Око“, чија ограда е напукната, а ако продолжи поставувањето на оградата на мостот „Слобода“, може да дојде до пропаѓање на коловозот

ОБЈЕКТИВНИ КОНТРАШИ
Никакви формулации веќе не можат да го скријат фактот дека грчкиот економски модел пропадна неповратно. Највиновни за националниот колапс секако се грчките граѓани, кои им давале доверба на грчките политичари сево ова време

 

Колумнисти:

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Добро би било да се разгледа можноста за изнаоѓање модус снаодливите и грамотни полицајци да имаат прво да бидат почесни членови на Здружението на новинарите во Македонија, а најспособните меѓу нив да предаваат на Високата школа за новинарство

Рамадан РАМАДАНИ
Власта е некако навидум поделена, а всушност обединета околу една идеја да потрае, а од друга страна општеството е навидум обединето во една држава, а всушност идејно сѐ уште елементарно поделено