Весковски: Обновивме над 66 километри водоводна мрежа

by Фокус

ЈП Водовод и канализација  во изминатите 4 години изврши реконструкција и обнова на водоводната мрежа во должина од 66.3 километри во Скопје, за што се вложени се 445 милиони денари, реагираат од скопското јавно претпријатие, во однос на обвинувањата на Данела Арсовска дека постојано се случуваат дефекти на водоводната мрежа. Од Воводод велат дека го започнале најголемиот еколошки-капитален проект за изградба на пречистителната станица за отпадни води – Скопје во вредност од 136 милиони евра и спровеле два проекти за намалување на загубите на вода од системот.

„Едниот од нив во 2018 година во соработка со израелската компанијата „Јутилис“ (Utilis) за сателитско снимање и мапирање на скриени дефекти, невидливи за голо око. Беа откриени, а подоцна и санирани од страна на службите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, над 300 дефекти невидливи за голо око. Вториот во текот на 2020/2021 кој се спроведе во соработка со Водовод – Будимпешта и чија реализација беше комплетно финансиски покриена со средства од добиениот грант од WBGC – Western Balkan Green Center. Овој проект се спроведе на територија на Трнодол и Жданец, каде се создаде затворен – кружен систем за детектирање на загубите на вода“, велат од ЈП Воводовод.

Директорот на јавното претпријатие, Душко Весковски, во рамки на изборната трка за градоначалник на Карпош, пак, денеска најаави дека ќе се насочи кон интензивирање на соработката со претприемачите и бизнис-секторот, кои, според него,  се економскиот столб на општеството. Посветено ќе работиме, додаде тој, на создавање можности за вработување и поттикнување на младите за основање сопствени бизниси.

„Клучниот проект насочен кон оваа целна група е формирањето деловен развоен центар, во кој ќе се одржуваат постојани семинари, предавања, презентации и друг вид настани, кои ќе овозможат континуиран проток на информации со малите и средните компании, а и можност за поддршка на бизнисите за млади и стартапите. Оваа соработка треба да овозможи општинска поддршка за реализирање на проектите на бизнис-секторот и бизнис поддршка за реализирање на проектите на Општината – рече Весковски, кој денеска доби поддршка од градоначалникот на хрватската општина Нова Градишка, Винко Гргиќ.

Поврзани новости