Весковски најави градење во делот на Бардовци и Визбегово

by fokus

Не беше воопшто лесно актуелниот градоначалник на Карпош Стефан Богоев да ја раководи општината со затекнати минус 17 милиони евра на конто, но поради помошта од државата, како и доброто владеење, тој долг е намален на четири до пет милиони евра, истакна кандидатот на СДСМ за градочалник на Карпош, Душко Весковски. Тој вети повеќе зелени површини, решавање на проблемот со паркинзите и најави планска дисперзија на градежништвото кон другата страна на реката Вардар.

-Тоа е делот на Бардовци, Злокуќани, па се до делот на Визбегово. Имаме јасен план и јасна визија како да ја водиме општината во наредните четири години и верувам дека со помош на граѓаните во тоа ќе успееме. Како горчлив проблем го гледаме и паркингот кај Лептокарија и Млечен ресторан и тоа ќе треба да се реши во најкус можен рок. Сериозно ги разгледуваме и анкетите на граѓаните за тоа дали се за или против воведување зонско паркирање – изјави Весковски на Сител.

Поврзани новости