Весковски ќе биде нов директор на скопски водовод, Чушков на ЈСП

by Фокус

Претседателот на општинскиот комитет на СДСМ во Карпош, Душко Весковски, кој по локалните избори стана претседател на Советот на општината, ќе биде нов директор на скопското јавно претпријатие Водовод и канализација, неофицијално дознава Фокус.

Исто така, нов директор ќе добие и Јавното сообраќајно претпријатие, каде, според нашите извори, на чело ќе застане Кристијан Чушков, кој беше дел и од изборниот штаб на новиот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

Инаку, по изборот на Шилегов за прв човек на Скопје, директорска смена се очекува и во другите јавни претпријатија под капа на Градот, меѓу кои Паркови и зеленила, Улици и патишта, Комунална Хигиена, Дрисла.

В.С.

Поврзани новости