Вештак не се појавил на рочиште во предметот „Триста“, па ќе мора да плати 1000 евра

by fokus

Вештакот Павлина Стојанова ќе мора да плати 1000 евра, а 2000 евра Друштвото за вештачење „Форензик експертс ДОО“.

Причина за тоа е дека не се појавиле на рочиште во предметот „Триста“, потврдуваат за „Макфакс“ од Кривичниот суд во Скопје.

Вештакот Стојанова е судски вештак за материјално, финансиско и сметководствено работење, ангажирана од адвокатот на обвинетиот.

Поврзани новости