Верувам дека во ВМРО-ДПМНЕ има европски капацитет, вели премиерот

by Фокус

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека има доволно време за да се донесат уставните измени и дека суштински е овој процес да се води низ дебата. Како што вели, верува дека и во ВМРО-ДПМНЕ има европски капацитет.

-Она што сметам дека е важно е овој процес да се води низ дискусија и опозицијата да сфати дека треба да учествува во овој процес. Важно е за партијата да биде дел од тој процес. Верувам дека во ВМРО-ДПМНЕ има европски капацитет којшто тоа може да го направи и сметам дека имаме доволно време пред нас тоа и да се случи бидејќи во спротивно алтернативата е блокада и изолација – вели Ковачевски за ТВ 21.

Според него, опозицијата досега не учествувала во ниту еден важен процес за државата.

Поврзани новости