Заев: Охрабрете се граѓани, ова е почеток на враќање на слободата и демократијата во Македонија

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред малку даде изјава, во која побара поддршка од народот, откако денеска МВР го осомничи за уценување на првиот човек на владата, Никола Груевски.

– Само сакам да кажам. Охрабрете се граѓани сите и радувајте се. Ова е почеток на враќање на слободата и демократијата во Македонија. Вистината ќе излезе на виделина пред очите на целата македонска јавност. Ги повикувам сите граѓани, без разлика на нивната национална и верска определба, да се приклучат, во рамките на Уставот и законот, да си го вратиме владеењето на Уставот наш, на законот наш, да си ја вратиме Mакедонија.Да бидеме слободни граѓани, да имаме посветла иднина за сите нас – вели Заев.

Тој ја повика меѓународната заедница да се вклучи во целиот процес, затоа што се работи за слободата и демократијата на земјка -членка на ОН и земја кандидат за членство во ЕУ.

Поврзани новости