НСДП: Груевски во обраќањето призна дека опозицијата поседува докази за противзаконско владеење на ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус

Денешната акција на МВР, по налог на премиерот Груевски, против претседателот на СДСМ Зоран Заев, а воедно и против целата опозиција, претставува класична злоупотреба на власта, демонстрација на сила и очајнички обид да се скрие вистината за корумпираноста, алчноста и недемократското владеење на оваа власт. Со вакво соопштение денеска излегоа од опозициската НСДП, под раководната палка на Тито Петковски.

– Државата се наоѓа во најтешките моменти од нејзиното осамостојување. Граѓаните на Република Македонија се соочуваат со најжестокиот режим на владеење во Европа, предводен од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Никола Груевски во неговото обраќање, призна дека опозицијата поседува докази за противуставното и противзаконско владеење на ВМРО-ДПМНЕ – се наведува во соопштението од партијата.

НСДП дава целосна поддршка на лидерот  Заев во  обелоденување на вистината за корумпираната, криминална, алчна, забегана и недемократска власт, како и целосна подршка во битката за враќање на демократските и европски вредности во Република Македонија.             

Поврзани новости