Специјалната обвинителка Катица Јанева ќе го ослободи Зоран Верушевски од притвор и ќе побара куќен притвор и одземање на пасошот, пренесува сајтот први.мк. За ова добиле потврда и од Специјалното обвинителство.
-Ве известуваме дека од страна на одбраната за обвинетите предложено е укинување на мерката притвор и определување на гаранција, по однос на што, а постапувајќи по барање на Судот, ние дадовме позитивно мислење во кое појаснивме од кои причини сметаме дека постојат услови мерката притвор да биде заменета со гаранција. Воедно од наша страна предложено е и определување на мерки на претпазливост и тоа мерка на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште или престојувалите и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа за поминување на државна граница, одговориле од Специјалното обвинителство.
Зоран Верушевски е првоосомничен во случајот „Пуч“ во кој четвртоосомничен е лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Верушевски е осомничен за шпионажа и помагање на насилство врз државни функционери. Неговиот притвор завршува утре, по што се очекува тој да не биде продолжен.