Жерновски бара итен прекин на наставата

by Фокус

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска побара итен прекин на наставата во училиштата, поради енормното загадување и за зачувување на здравјето на децата.

-Ја поздравуваме одлуката на град Скопје да се приклучи кон идејата на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, за прекин на наставата во оновните училишта. Како што веќе апелиравме, мора итно да се донесат мерки за заштита од загадениот воздух. Утрово, воздухот во Центар е загаден 9 пати повеќе од дозволеното, а вчера Скопје беше најзагаден град во Европа. Прекин на наставата е најбрзата од низата на мерки кои треба да се донесат час поскоро, за децата да не трпат последици по здравјето, рече Жерновски.

Тој апелираше до Мнистерството на образование и наука да ја прифати иницијативата и да донесе одлука за прекин на наставата за да се заштититат децата.

Поврзани новости