Ахмети: Груевски ќе си поднесе оставка на 10 јануари

by Фокус

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, при гостувањето во телевизија Алсат М откри дека премиерот Никола Груевски ќе си поднесе оставка на 10 јануари. Според Договорот од Пржино, крајниот рок кога Груевски треба да си замине од функцијата премиер е 15 јануари.

Али Ахмети во интервјуто рече дека Договорот од Пржино е материјализиран, и иако со задоцнување од десетина дена, сепак тој се спороведува. Наброја се што досега било спроведено, како формирањето на Специјалното обвинителство и влегувањето на СДСМ во власта. Рече дека сега отворено е уште прашањето за медиумите, како и оставка на Груевски, која, како што рече Ахмети, премиерот ќе си ја поднесе на 10 јануари и потоа гласањето на новата Влада.

Поврзани новости