Верушевски дојде во суд, треба да сведочи за „Таргет и Тврдина“

by fokus

Поранешниот разузнувач Зоран Верушевски, а сега актуелен советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, пристигна во Кривичниот суд, каде што е повикан да сведочи за случајот „Таргет и Тврдина“, односно за масовното нелегално прислушување во УБК.

Според обвинението на СЈО, Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски „бомбите“ ги изнесувале од УБК, по што му ги предавале на Верушевски, а тој потоа му ги предавал на тогашниот лидер на опозицијата, односно на Заев.

Во судот пристигна и обвинителот Артан Ајро, кој заедно со обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов се овластени и понатаму да го застапуваат предметот.

Во Таргет-Тврдина првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

В.В.

Поврзани новости