Грчева, Бачев, Апасиев и Кекеновски бараат гласачки ливчиња со бар-код и изборна кампања без билборди

by Фокус

Вонпарпарламентарните партии Глас За Македонија на Солза Грчава, Единствена Македонија на Јанко Бачев, Левица на Димитар Апасиев и други, испорачаа неколку барања, вклучително и промена на изборниот законик со цел воведување на една изборна единица со отворени листи, преполовување и прераспредување на буџетските средства за финансирање на партиите, избалансирано и сеопфатно медиумско претставување…

„Бараме скромни кампањи, без непотребни билборди, свирки и журки со естрадни ѕвезди, пренесување на граѓаните со платени автобуси од град во град. Бараме да се покаже одговорност кон парите на граѓаните. Кампањите, по примерот на развиените, а богати земји, да се базираат повеќе на дебати каде граѓаните ќе бидат изложени на вкрстени аргументи, а не на гламурозна пропаганда платена од нивниот џеб. За да се избегнат изборните измами, бараме биометриско идентификување на гласачот, перфорирано изборно ливче и бар-код читач на ливчињата, со што би се избегнал таканаречениот бугарски воз. Бараме копија од записниците да добие секоја партија, а во кутиите да може да се изврши увид во одреден временски рок по изборите. Исто така бараме, нашите набљудувачи да бидат покриени со буџетски средства, како што се оние од администрацијата и од големите партии“, стои, меѓу другото, во заедничкото соопштение.

Зад овие барања стојат уште ПОДЕМ на Живко Јанкуловски, ФРОДЕМ на Јове Кекеновски, ТМРО на Ванчо Шехтански, МААК и Работно-земјоделската партија.

Поврзани новости