Лидерите на верските заедници во земјава упатија едногласен апел до сите граѓани за одговорен однос кон себеси и најблиските и опасноста од вирусот да ја сфатат како реална и сериозна по животот и здравјето.
Тие повикаа и на мирни, слободни и демократски избори во интерес на иднината на државата.
Апелот е упатен по денешната денешната средба на лидерите на верските заедници кои се споменати во Уставот што се одржа на иницијатива на директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски , а на која присуствувале: поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан; в.д. реис-ул-улема на Исламската верска заедница, Шаќир еф. Фетаху; бискупот на Католичката црква, монсињор Киро Стојанов и суперинтендентот на Евангелско-методистичката црква, Марјан Димов. Од оправдани причини отсуствувала претседателката на Еврејската заедница, Берта Романо Николиќ.
„Бидејќи се наоѓаме во предизборен период, верските лидери апелирале и за мирни, слободни и демократски избори во интерес на иднината на државата, а разговарале и за важноста од постојано негување култура на толеранција, висока духовност, почит и етичност во односите меѓу конфесиите и во односите со јавноста на сите верски субјекти“, соопштија од Комисијата.