Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека 17 потрошувачи направиле сериозни злоупотреби на законот и плаќале пониска цена на електрична енергија.
-17 потршувачи направиле сериозни злоупотреби на законот и плаќале пониска цена на електрична енергија. Се работи за Верски објекти, приватни училишта кои прават големи профити, супермаркети, хотели, бизнисмени, не е коректно да ги спомнам со имиња сите, вели тој.
Според Бектеши, тие направиле злоупотреба така што во моментот кога на берзите се покачила цената на електрична енергија, тие ведна основале нови компании.
-Што направиле тие? Тие направиле злоупотреба. Во моментот кога на берзите се покачи цената на електрична енергија, тие веднаш основале нови компании, со што изманипулирале со критериумите, односно во новите компании немале потреба да вработат над 50 луѓе, немале обврска да имаат приходи над 2 милиони евра претходната година, и така автоматски сопственоста ја префрлиле на компании кои не ги исполнуваат условите да излезат на слободен пазар, вели Бектеши.
Министерот истакна дека за ова ќе треба да се одговара, а даде и конкретен пример.
-Општина Битола, согласно закон, е надлежно за јавното осветлување. Општина со одлука на Советот, донеле одлука обврска за јавно осветлување да ја пренесат на компанија или на едно јавно претпријатие кое нема 50 вработени, односно нема никаков обрт минатата година, и така платиле поевтина цена на електрична енергија, додаде Бектеши.
Бектеши вели дека ова е класична манипулација од страна на општина Битола.
-Имаме сериозни докази и за компаниите кои направиле злоупотреба, и за тоа е известена и УЈП и чекаме нивна реакција, вели Бектеши во „Click Plus“ на ТВ21.