528
Мислам дека докажаа оти се тата-мата за ковани огради, вака премиерот Никола Груевски одговори на новинарското прашање зошто Владата одлучила токму од „Веритас“ да ја местат новата ограда на “Илинденска“ бр. 2.
– Сепак, најважно е дека „Веритас“ беа најповолен понудувач, додека другите лицитираа со десетици илјади евра, овие вистински верници побараа само сокче и сендвич. Не се плашат ниту од листерија – објасни Груевски .
„Веритас“ се прослави пред две години кога нејзините членови, сосема оправдано ја „средија“ оградата на Општина Центар на Андреј Жерновски.