СДСМ: Историски најголем долг на Владата!

by Фокус

Дојде време за плаќање на сметките од погрешните и манипулативни политики на власта на Груевски, што натоварија милионски давачки на грбот на граѓаните и сега станува јасно зошто се воведува обврската за плаќање придонеси за хонорарците, зошто ќе се воведува ДДВ за најмалите фирми, зошто скокнаа цените на регистрациите и на патарините за фантастични 30 проценти, изјави денеска Кире Наумов, претседателот на Советот за еконосмки прашања при СДСМ.

– Од своето осамостојување Македонија има историски највисок долг на централната влада. Тоа се неверојатни 3 милијарди и 300 милиони евра, или долг од уште поневеројатни 41 процент од БДП Министерството за финансии денеска ќе мора да го објави овој историски податок. Долгот на централна влада во Македонија, бил повисок, само во 2001-ва година, во време на воен конфликт! Ако се земе предвид јавниот долг, односно долгот на државата, без долговите на Народната банка, тука лежи уште еден историски рекорд. Со последното задолжување од 500-тини милиони евра, јавниот долг изнесува историски највисоки 4 милијарди и 200 милиони евра! Тоа се историски 52 процента од БДП! Власта на Никола Груевски, успеа да постигне и неколу други рекорди само за шест месеци од 2014 година.
До јуни, Владата реализираше историски највисок дефицит за едно полугодие, од неверојатни 240 милиони евра. Тоа значи дефицит од три проценти од БДП, за половина година! За потсетување, тоа е дозволениот максимум на буџетски дефицит за цела година кај земјите членки на ЕУ. За да биде парадоксот поголем истата таа власт на Груевски, којашто за половина година го направила буџетскиот дефицит од 3 проценти од БДП, предлага уставно ограничување на дефицитот, на 3 проценти, на годишно ниво!
До јуни власта на Груевски оствари и историски најголемо потфрлување во вкупните приходи во Буџетот, кои се помали за дури 178 милиони евра од планираните за 2014 – изјави Наумов.

Тој потенцираше дека овој пат предупредувањата не се само од СДСМ.

– За прв пат после неколку години со проценки за висината на задолжувањата на Македонија реагира Мегународниот монетарен фонд. Речиси истовремено, три големи земји, САД, Велика Британија и Германија, директно и синхронизирано, излегоа со критики за фискалната политика во Македонија, отворено изразуваајќи загриженост за одржливоста на долгот и затвореноста на власта за објавување на вистински податоци.

Поврзани новости