734
Вокалот на етно групата „Љубојна“, Вера Мишоевска – Јосифовска, во изјава за Лидер вели дека од медиумите дознала дека ќе настапува на владината прослава што ќе се одржи утре во 15 градови.
-Да бидам искрена и јас денес видов дека ќе настапуваме таму. До сега не знаевме дека сме во програма, има таму ангажман, букерот дава ангажман и не знам што друго да ви кажам – изјави Вера Милошевска за Лидер.
Повеќе изведувачи реагираа отсполе што се најдоа во програмата и рекоа дека биле неинформирани за каков настан се работи. Сепак од ниту еден музичар или бенд се уште нема најава за нивно откажување од настанот.