Горан Кан за настапот на утрешната прослава: Мојот хонорар е далеку од голем!

by Fokus

Диџејот и популарен лик од техно хаус сцената во Македонија, Горан Кан ќе биде дел од музичарите кои ќе настапат утре на прославата која што ја организира владата, по повод поканата за членство во НАТО и добивање на датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Тој ќе настапи во Битола, каде покрај него свои настапи ќе имаат и Дуке Бојаџиев, Flooder и Dejan Dex. Откако вчера беше најавена големата прослава која ќе се случува во 15 градови и на која учество ќе земат 40 музичари, тие станаа мета на напади и социјалните мрежи се преполнија со повици за бојкот на настанот, но и на пејачите. Околу шпекулациите дека за своите настапи ќе добијат големи хонорари, музичарите одбиваат да коментираат.

На темава Горан вели дека и покрај се што се коментира, неговиот хонорар за настапот во Битола е далеку од голем.

-Не знам за другите, но мојот хонорар е нормален и далеку од голем. Бојкоти, вербални напади… Мислам дека јас не сум толку важен. Работа ми е да пуштам музика – ни изјави тој.

Инаку, диџејот е син на популарната пејачка на народна музика и советничка за култура, Цветанка Ласкова. Колку точно ќе изнесува прославата, заедно со хонорарите на музичарите, осветлување, озвучување и комплетна организација, сеуште нема точни податоци. Премиерот Зоран Заев денес изјави дека трошоците ќе бидат покриени од државниот буџет, и сеуште не се знае финалната цена.

Вики Клинчарова

Поврзани новости