Мигранти му платиле на скопјанец по 3.000 евра за да ги однесе до Белград, но ги оставил на бензиска пумпа во Куманово

by Фокус

Полицијата завчера уловила група од 13 мигранти од Ирак, без никакви документи за идентификација, на бензиска пумпа на автопатот Куманово-Табановце.

Како што соопштија полицијата, групата била напуштена од Ф.В. (35) од скопското село Студеничани, кој претходно им земал по 3.000 евра за да спроведе од грчката граница до Белград, меѓутоа ги измамил, ги оставил во Куманово и побегнал.

По насоки од Јавен обвинител за ООК, мигрантите како жртви на криумчарење привремено се сместени во Прифатниот центар за странци -Скопје“.

Поврзани новости