Поддржувам рамниот данок да остане. Едноставен е и со пристоен процент.
Ако веќе мора да се воведе прогресивен данок, тогаш НЕ мора да биде нагорен. Има земји кои имаат прогресивен данок – но надолу.
На пример, 10% да остане персоналниот данок, а да се воведе 0% за минимална плата, потоа 5% за до просечна, а од просечна нагоре да биде 10%. Или варијанти на темата. Некни Министерот спомнуваше некои држави во соседството кои имале позитивни искуства со прогресивниот данок, но пропушти да каже дека кај најблискиот сосед (ако се земе растојанието на главните градови) Косово има токму надолен прогресивен данок.
Надолниот прогресивен данок (стручно можеби поинаку се вика) е поправеден за ниските и средните слоеви. Тоа директно и позитивно ќе се одрази на нивните примања – секако ќе има и одушевување кај овие групи. Исто така многу важен е психолошкиот момент – наместо да ги казнуваш тие што имаат големи плати, ги наградуваш тие што имаат ниски плати.
Ова со зголемувањето на давачките (акцизи за горива и персонален данок) и зголемувањето на буџетот личи дека ќе се стимулира неконтролираното трошење (од страна на владини поединци и групации). Зошто мора да се зголемуваат давачките за да потоа владата ги дели во форма на субвенции!!!???? Сигурно подобро е да се создадат услови да “поефтинат” давачките па секој потоа преку приватна иницијатива и работа да создава лични и општи добра. Потребно е да нема зголемени субвенции кои потоа создаваат паразитско однесување на фирмите и граѓаните и полтронски однос кон владините службеници.
Да заклучам … Ако владата навистина сака да им помогне на посиромашните слоеви, тогаш пофер е директно да се наградат пониските слоеви со помали давачки. Друго битно: Бидејќи Владата се заложи да се бори против корупцијата која претходно кажуваше дека е огромна – тогаш се прашувам зошто зголемување на буџетот? Намалување на корупцијата и непродуктивните трошоци за 10% ќе “ослободи” 300 милиони евра за поддршка директно во економијата и семејните буџети на граѓаните.
Сметам дека Владата треба да се позанимава со овие прашања посериозно и да го смени курсот на делување што го трасираше претходната влада.
Венко Глигоров